15 Jan Хондурас: Убиен е трансродов активист
„Властите да реагираат против зголеменото насилство“
(Њујорк, 12-ти јануари 2009) – Властите во Хондурас треба целосно да го истражат убиството на Синтија Никол, истакнат трансродов борец за човекови права од Хондурас, и останатите насилства врз трансродовата заедница – објави организацијата Хјуман Рајтс Воч. Убиството на Никол е последното во серија насилни напади врз трансродовите луѓе во Хондурас.
Засега непознати сторилтели ја убија Никол (32) утрото на 9-ти јануари оваа година. Според сведоштавата на други активисти, три непознати лица возејќи се во син автомобил пукале во Никол. Три куршуми завршиле во градите на жртвата, а еден во главата. Убиството се случило во Comayaguela, град кој се наоѓа во непосредна близина на главниот град на Хондурас.
„Синтија Никол неуморно се бореше за обезбедување на основни права за заштита на трансродовите сексуални работници“ – изјави Јулијана Кано Њето, истражувач на Програмата за права на ЛГБТ популацијата на Хјуман Рајтс Воч. „Властите треба да ги најдат и приведат сторителите на ова и на предходните напади врз трансродовата заедница“.
Убиството на Никол е резултат на се поголемото насилство врз трансродовата заедница во Хондурас. Во ноември и декември 2008-та се случија неколку напади, од кои два имаа фатален исход. На 20-ти ноември беше убиена Јасмин, а на 21-ви Биби, и двете колешки на Никол. На 17-ти декември непознат сторител четиринаесет пати ја избодел Ноеља исто така трансродов сексуален работник. Како продолжение на овие настани, на 20-ти декември припадници на полицијата на Хондурас нападнаа трансродов активист додека ја обавувал својата теренска работа побврзана со ХИВ/СИДА.
За случајот на Никол, полицијата вели дека го пронашла возилото и дека трага по сторителите. Меѓутоа трансродовите активисти тврдат дека полицијата и судството не преземале евфикасни чекори да ги пронајдат одговорните за насилствата.
„Несправувањето со насилниците поттикнува нови насилствота“ вели Кано. „Доколку властите не ги истражуваат нападите, жртвите ќе немаат причина да ги пријавуваат и се лесни мети за повторни насилства.“
Како лидер на Colectivo Violeta, организација која уште од 1995-та работи за социјалните и здравствените права, Никол имаше долг стаж на социјална работа на полето на правата на трансродовите сексулани работници во Хондурас, работеше на едукација за ХИВ/СИДА и човекови права.и ја претставуваше својата заедница на повеќе национални конференции и медиуми.
„Трансродовита заедница е исплашена“ изјави Индира Мендоза, директор на лезбејската и феминистичка организација Cattrachas од Хондурас. „Но, овие напади нема да ја замолчат заедницата во Хондурас која ќе продолжи да работи на обезбедување на правата на трансродовите луѓе“
Активистите во земјата ги алармираа Интер-американската комисија за човекови права, Обединетите нации за зголемениот бран на насилства врз трансродовата заедница.