Во Обединетите Нации

Во Обединетите Нации

САД изневери во подржувањето на осудата на анти-гај законите


Единствена помеѓу главните западни нации, САД одби да ја потпише декларацијата која повикува на декриминализација на хомосексуалноста на светско рамниште, а која беше презентирана во четвртокот во Обединетите Нации.

Вкупно 66 од 192 земји членки на Обединетите Нации ја потпишаа необврзувачката декларација – чекор што подржувачите на Декларацијата го гледаат како историски успех во убедувањето на Генералното Собрание да се занимава подлабински со анти-геј дискриминација. Повеќе од 70 ОН земји ја казнуваат хомосексуалноста, а во неколку од нив хомосексуалните акти се казниви со екзекуција.

Ко-спонзорирана од Франција и Холандија, декларацијата беше потпишана од сите 27 членки на Европската Унија, како и Јапонија, Австралија, Мексико и триесетина други земји. Имаше широка опозиција од муслиманските земји, и САД исто така одби да ја потпише, индицирајќи притоа дека одредени делови од декларацијата покренуваат правни прашања коишто треба дополнително да бидат прегледани.

“Тоа е разочарувачки“, изјави Рама Јаде, францускиот министер за човекови права, по однос позицијата на САД, којашто таа ја опиша како контрадикција во однос со американската долга традиција на бранење на човековите права.

Според некои од подржувачите на декларацијата, официјалните претставници на САД низ приватни разговори изразиле загриженост за одредени делови од декларацијата коишто би можеле да бидат проблематични во насока на обврзување на федералната влада на прашања коишто потпаѓаат под државна јурисдикција. Во голем број на земји, на земјопоседници и вработувачи им е дозволено да дискриминираат врз основа на сексуалната ориентација; на федерално ниво, на хомосексуалците не им е дозволено отворено да служат во армијата.

Каролин Видино, репрезент на САД мисијата во ОН, потенцираше дека САД – покрај неволноста да потпишат – ги осудуваат кои и да било насилства врз човековите права поврзани со сексуалната ориентација. Активистите за човекови права беа исто така налутени од позицијата на САД.

“Застрашувачки е ставот – да не се придружите на останатите земји коишто застануваат зад и повикуваат на декриминализација на хомосексуалноста“, изјави Паула Етелбрик, извршен директор на Интернационалната Геј и Лезбејска Комисија за Човекови Права. Таа изрази надежи дека позицијата на САД после изборот на Барак Обама за претседател ан САД кој официјално ќе ја преземе канцеларијата во јануари.

Ставот на САД го осуди и Ричард Гренел, кој се до пред два месица беше главен претставник на САД мисијата во ОН.

Смешно е да се сугерира дека постојат правни причини за неподржувањето на оваа резулуција – логиката вели дека ние треба да бидеме лидери во обезбедувањето на сигурност дека другите земји ги почитуваат човековите права на своите граѓани“, вели Гренел, кој се опиша себеси како геј републиканец. Недостатокот на подршка од страна на САД по однос ова прашање само го затемнува нашиот некогаш сјаен светилник на надеж и слобода за оние кои се прогонувани и опресирани.

Повеќе од 50 земји и се спротиставија на декларацијата, вклучувајќи ги членките на Организацијата на исламската конференција, коишто дадоа заедничка изјава во четвртокот критикувајќи ја иницијативата како неоправдан обид за давање на специјална проминенција на гејевите и лезбејките. Нивната изјава сугерираше дека заштитата на сексуалната ориентација би можела да води кон “општествена нормализација и можна легализација на одвратни акти“ како педофилијата и инцестот

На декларацијата и се спротистави и Ватикан, став кој месец дена порано предизвика протести во Рим.

Претставникот на Ватикан, Отец Федерико Ломбарди, рече дека римската католичка црква и се спротистави на смртната казна и други ригидни репресии на гејевите и лезбејките, но тој ја изрази загриженоста дека декларацијата ќе биде искористена како притисок врз тие кои веруваат дека правото на брак ен треба да им се дозволи на хомосексуалците. Во целост декларацијата, според Ватикан, “покренува несигурност во законот и ги предизвикува постоечките човекови норми“.

Европските држави коишто ја подржуваа декларацијата ја започнаа оваа кампања во конјункција со 60-годишнината од Универзалната декларација за човекови права.

Холандскиот министер за надворешни работи, Максим Верхаген, изјави дека земјите коишто усвоиле документот од 1948 година немаат право да лансират исклучоци кои дозволуваат дискриминација врз гејевите, а засновани на религија или културата.

Човековите права важат за сите луѓе на сите места за сите,” изјави Берхаген. “Нема да прифатам никаво оправдување.

Тој призна дека новата декларација имала само симболичка вредност, но изјави дека истатаго одбележа првиот пат кога толку голем број на нации ја покренале каузата за геј правата во контекстот на Генералното собрание.

Оваа изјава стреми кон тоа да ја направи дебата вообичаено нешто, изјави Верхаген. “Не е целта изјавата да биде извор на дивизии, туку напротив да го елиминира табуто коешто го опкружува ова прашање.

 

Иако подржувачите на декларацијата беа задоволни дека нациите од 6 континенти ја потпишаа, сепак имаше само 2 азиски и 4 афрички земји.