02 Jan Според истражување објавено во Pediatrics
Толеранцијатa може да го намали ризикот од самоубиство кај геј тинејџерите
Геј, лезбејските и бисексуалните тинејџери имаат највисока стапка на обиди за самоубиства како и на други здравствени и псхихички проблеми во кои спаѓа и злоупотребата на психоактивни супстанции. Една нова студија покажува дека со прифаќањето и дури и со неутрална позиција од страна на родителите на сексуалната ориентација на своето дете може да се намали оваа висока стапка.
Во истражувањето објавено во магазинот Педиатрикс се покажало дека оние геј, лезбејски и бисексуални тинејџери кај кои постои најголем ризик од обид за самоубиство и кои имаат други здравствени проблеми спаѓаат во групата чии семејства не ја прифаќале нивната сексуална ориентација.
„Мала промена во односот на родителите во врска со прифаќањето на сексуалната ориентација може да направи значајна разлика за физичкото и психичкото здравје на нивното дете“ – вели Кејтлин Рајан, главниот реализатор на истражувањето.
Рајан која е директор на Иницијативи за здравје на адолесцентите на Цезар Чавез Институтот при Државниот универзитет во Сан Франциско, заедно со своите колеги спровеле долги интервјуа со повеќе од 200 геј, лезбејски и бисексуални млади луѓе. Рајан се обидела да утврди дали за времето на својата адолесценција тие се соочиле со ниски, средни или пак високи степени на отфрлување од страна на нивните семејства.
Исходот на истражувањето бил таков што кај оние деца кои доживеале висок степен на отфрлување постоелно осум пати поголема шанса да имаат обид за самоубиство. Истата група на деца покажала и склоност кон депресија, употреба на нелегални дроги и практикување на небезбеден секс. Резултатите биле споредувани со оние на адолесцентите чии семејства имале неутрален однос наспрема нивната сексуална ориентација.
Превземено од:
http://www.npr.org/templates/story/story.php?storyId=98782569&ft=1&f=1007