17 Dec Соопштение до Медиуми
17ти Декември Меѓународен ден против насилството врз сексуалните работници
На овој ден сексуалните работници, нивните поддржувачи и активисти за човекови права ширум светот се собираат и организираат за да укажат на кривичните дела од омраза извршени врз сексуалните работници и да им оддадат почит на жртвите на насилството.
Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Ани Спринкл (проститутка/порно ѕвезда која подоцна станува сексолог) и Sex Workers Outreach Project USA како помен и мирен протест во име на жртвите на Убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон, кој на 18ти Декември 2003 е осуден на 48 доживотни казни затвор и по 10,000 $ за секоја убиена сексуална работничка.
Одтогаш навака, наделата околу 17ти Декември, организациите на сексуални работници низ светот организираат различни настани, акции и помени за да ја зголемат свесноста во општестовото дека насилството врз сексуалните работници се случува секојдневно. Навреди, тепање, понижувања, силувања, дури и убиства. Постоечките закони ги спречуваат сексуалните работници да го пријавуваат тоа насилство. Стигмата и дискриминацијата кои постојано се повторуваат придонесуваат да го гледаме тоа насилство како прифатливо и оправдано.
Во Македонија оваа година по вторпат, неформалното здружение на активисти за правата на сексуалните работници –“СТАР“ и Коалицијата за промоција и заштита на правата на маргинализираните заедници ќе го одбележи овој Меѓународен ден за борбата против насилството врз сексуалните работници преку организирање на неколку активности:
- Изложба на тема “Мое тело мој избор“ во културниот центар “Точка“ со почеток од 20 часот.
- Пред изложбата, од страна на поддржувачи на акцијата, симболично ќе се отворат црвените чадори во знак на спротивставувањето на дискриминацијата и насилството, а воедно ќе се даде и поддршка на сексуалните работници.
- Дистрибуирани и постери и картички со кои ќе бидат испратени и пораките “СЕКСУАЛНАТА РАБОТА Е МОЈА РАБОТА“, “РОПСТВОТО И НАСИЛСТВОТО НЕ СЕ ДЕЛ ОД НИЕДНА ПРОФЕСИЈА“ и “ПРАВА, А НЕ НАСИЛСТВО“
Црвениот чадор е меѓународен симбол на солидарноста на сексуалните работници.
Црвената е боја на убавината, додека пак чадорот го претставува отпорот против нападите кои доаѓаат од небото и луѓето. Тоа ја симболизира заштитата против злоупотребата на која се подложени сексуалните работници од страна на полицијата, макроата, клиентите, како и од игнорантското и дискриминаторско општество.