03 Oct Претпазливо на овогодишниот белградски прајд
Организаторите на овогодишниот прајд во Србија велат дека учесниците треба да избегнуваат да пристигнуваат на настанот во групи или носејќи транспаренти, за да се избегне опасност од насилство.
Десничарските екстремисти се заканија дека ќе има насилството на 10 октомври, денот кога ќе се одржи настанот. Екстремистите насилно ја спречија геј парадата во 2001-та година и ги принудија организаторите да го откажат истиот настан минатата година.
Полицијата вети дека ќе обезбеди сигурност на маршот оваа година, кој треба да помине покрај владините згради во центарот на Белград.
Организаторите во четвртокот објавија дека очекуваат присуство на повеќе од 1.000 луѓе. Тие велат дека најголеми ризик за безбедноста постои пред и после собирот, кога учесниците ќе се разделат во помали групи.
Маршот се смета за тест за српските власти, кои се залагаат за членство на Србија во ЕУ.