19 Oct Oрганизација стерилизира зависници
Американската добротворна организација која нуди по 200 фунти на зависниците од дрога или алкохол да се стерилизираат – веќе го доби својот прв клиент во Велика Британија.
Организацијата Project Prevention, која работи по иста програма и во САД така што на зависниците им нуди по $300 за долгорочна или трајна контрацепција, има за цел да го намали бројот на бебињата родени со зависност од дрога или алкохол, како резултат на навиките на нивните родители.
Барбара Харис, основач на организацијата, по посвојувањето на децата на еден зависник, почна да им нуди пари на зависниците во Лондон, Глазгов, Бристол и Велс кои се подготвени да се откажат од своите идни потомци со тоа што ќе се стерилизираат.
Оваа пракса во Велика Британија наиде на многу противници кои ја окарактеризираа како искористување на ранливи луѓе во нивните најтешки моменти.