19 Nov Марш на толеранцијата 2010
По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, 16-ти ноември, околу стотина граѓани кои учествуваа на Маршот на толеранција оваа година од Музејот на град Скопје до плоштадот “Мост” на самиот влез на Старата Скопска Чаршија, апелираа за политичка толеранција и конструктивен дијалог помеѓу сите креатори на јавната политика, јавното мислење и вредности.
Организаторите на Маршот кој се одржа под мотото “Правда, слобода, еднаквост” - Хелсиншкиот комитет за човекови права, Плоштад Слобода,Q, Civica и Цивил побараа меѓуетничка толеранција и почитување на етничките, културните и религиозните разлики во Македонија, и многу поодлучно дејствување за искоренување на дискриминација по сите основи.
Кочо Андоновски од Хелсиншкиот комитет, рече дека “дискриминацијата врз основа на политичките убедувања и припадност беше најжестока” и апелираше за ставање крај на насилството против активистите посветени на борбата за човекови права.
Гордана Несторовска од Хелсиншки комитет ги повика студентите, кои отсуствува од маршот, како група која треба да започнува иницијативи, да се приклучат во борбата за ново демократско општество, ослободено од дискриминација.
“На овој ден, ние имаме изјава од Министерството за труд и социјална политика, што јасно кажува дека хомосексуалноста нема да биде прифатена како нормална појава. Тоа доаѓа од самата институција која треба да ја спречи дискриминацијата и да го спроведе законот против дискриминација”, рече Славчо Димитров од Коалицијата за заштита на маргинализираните заедници.
Претставници на дипломатскиот кор стационирани во Македонија, пратеници од неколку политички партии, претставници на невладини организации и мал број граѓани земаа учество во маршот.