Генетска терапија на ХИВ дава ветувачки резултати

Генетска терапија на ХИВ дава ветувачки резултати

Еден од првите обиди на употреба на генетска терапија во третманот на ХИВ даде ветувачки резултати на клиничките тестови. Кога терапијата била тестирана на 74 пациенти се покажала како безбедна и ги намалувала ефектите на вирусот врз имунитетот.
Теоретски, еден третман би бил доволен за да ја замени потребата од антиретровирусна терапија. Студијата изработена од Универзитетот на Калифорнија во Лос анџелес е објавена во публикацијата Nature Medicine.

Високо активната антиретровирусна терапија допринесува за прогнозата на луѓето инфицирани со ХИВ. Но, таа мора да биде земана секојдневно, постои ризик од несакани реакции и вирусот, кој има неверојатна способност да еволуира,  почнува да развива отпорност кон лековите. Затоа потребни се нови начини за делување.



Матични клетки

Најновата терапија вклучува модифицирани матични клетки кои во себе содржат молекула ОЗ1, која е дизајнирана да го спречи ХИВ вирусот да се репордуцира преку два клучни протеина. По 100 недели од тестирањето пациетите кои ја добиле генетската терапија имале повисоки нивоа на ЦД4+  ќелии кои се клучни во имунолошкиот систем и кои биваат уништувани од ХИВ вирусот.
Раководителот на истражувањето професорот Ronald Mitsuyasu вели дека генетската терапија има потенцијал да биде третман кој се прима само еднаш или неколку пати, а ќе им овозможи на пациентите да се справат со ХИВ вирусот без да примаат долгогодишна терапија.

„Овој третман не е совршен, ниту пак е ефикасен или комплетен како досегашната антиретровирусна терапија, но студијата покажа доказ дека со само еден анти-ХИВ ген може да се спречи размножувањето на вирусот до моментот кога може да се престане со примање на анти-ХИВ лекови.“ – вели професоро Mitsuyasu. Меѓутоа додава дека ќе биде потреба долготрајно истражување за да се докаже дека терапијата е безбедна.




http://news.bbc.co.uk/2/hi/health/7883023.stm