Според челникот на UNODC:

Според челникот на UNODC:

Пренатрупаноста и употребата на дрога во затворите претставува ризик за ширење на ХИВ

Antonio Maria CostaШирењето на ХИВ вирусот е најизразено во пренатрупаните затвори ширум светот, што претставува ризик по здравјето во заедниците во кои поранешните затвореници се осободувани, изјави Антонио Мариа Коста, челник на Канцеларијата за дроги и криминал при Обединатите нации, минатата недела.
 
Коста рече дека ширењето на вирусот преку употреба на дрога е битен проблем. и посочи дека околу 30 милиони луѓе  во целиот свет мометално се наоѓаат во затвор.

Според Коста, пуштањето на голем број на ХИВ позитивни затвореници ќе резултира со сериозни последици по здравјето на популацијата на заедниците во кои се осободени.


– Тоа претставува здравствена бомба поради вирусот кој го носат во себе и претставува бомба поради тоа што затворите се универзитети за криминалци – изјави Коста.

Коста вели дека UNODC е особено загрижена за супстандардните затвори, и додава дека пренатрупаноста е особено својствена за затворите  во Африка и Централна Америка.

Организациата на Обединетите Нации досега има водено кампањи за подобрување на затворите и креираше стандарди за раководење и третман на затворениците. Коста повика на промоција на основните начела и алтернативите на затворските казни за одредени криминални дела за да се растеретат затворите.

Преставниците на 40-те членки на UNODC до 24-ти април имаат состанок на кој расправаат за казнените реформи и за намалување на популацијата во затворите.