Србија го усвои законот за анти-дискриминација

Србија го усвои законот за анти-дискриминација




Белград, Србија – Минатиот четврток српските законодавци со тесно мнозинство го усвоија законот за анти-дискриминација кој претставува дел од прозападните реформи. Српската православна црква и останатите конзерватици во земјата остро се противеа на донесувањето на овој закон.

Парламентот го усвои законот со тесно мнозинство од 127 гласови за наспроти 59-те против. Само еден глас помалку и законот немаше да биде усвоен од страна на парламентот кој содржи 250 членови, од кои 64 не беа присутни на гласањето.

Со овој закон се забранува секој вид на дискриминација, без разлика дали се основа на раса, религија, сексуална ориентација, род или други фактори.

Законот е дел од реформите со кои ќе се усогласи српското законодавство со законодавствто на Европската унија и беше од круцијално значење за симнувањето на шенгенскиот визнен режим за граѓаните на Србија.









Српската православна црква, поддржана од други верски заедници, бараше промени на некои членови од законот кои се однесуваа на правата на геј лицата и религиозните слободи. Тие сметаат дека законот е подложен на погрешни интепретеции и злоупотреба. Други критичари, пак, велат дека законот оди спротивно од српската традиција.

Првично српската влада го повлече законот за да ги разгледа забелешките на црквата, чин кој ги разлути либералите во земјата. Но, на крајот владата не направи големи промени на предлог законот.

Покрај забраната на дискриминацијата, законот, исто така, овозможува мониторинг на можната дискриминација од страна на посебен државен преставник.

Гласањето во парламентот беше одржано по долгата дебата помеѓу прозападните пратеници наспроти националистите и конзерватиците. (AP)