11 Mar По притисок на Српската Православна Црква
Српската влада го стопира законот за антидискриминација
Мината недела на владата на Република Србија и беше порачано да го врати на агендата предложениот закон за антидискримиација. Драфт верзијата на законот била повлечена непосредно пред гласањето во српскиот парламент поради притисок од Српската Православна Црква.
„Во земја која се стреми стане членка на ЕУ, неприфатливо е малцинствата да бидат подложени на дискриминација вклучувајќи ја и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација“ – изјави Michael Cashman, претседателот на сепартиската група за ЛГБТ права.
Тој вели дека доколку српската влада е сериозна во врска со својата ЕУ апликација, би требало да го вратат законот на гласање во Парламетот.
„Ова, исто така, претставува прашање за демократијата и владеењето на законот. Една земја не може да се смета за демократска доколку нејзината влада не го следи својот устав, во кој јасно е нагласена одделеноста на црквата и државата.“ – вели Cashman.
„Законот за антидискриминација е предложен во отворен и фер процес во кој сите парии учествуваа подеднакво. Во секој случај не е демократски да се стопира законот поради интервенција на црквата во последен момент “ – додава Cashman.
Повик кон српската влада за враќање на законот за антидискриминација упати и Metropolitan Community Churches (MCC).
Превенцијата и санкционирањето на дикриминацијата е обврска на која било демократска европска држава, се вели во соопштение на MCC.
Врвен приоритет на српската влада е да ги почитува обврските кон меѓународната заедница, да покаже решеност и должност кон лојалноста кон сите свои граѓани, а не само кон еден дел од нив, и да се спортистави на јавниот притисок на Српската Православна Црква која, во овој случај, не им оди во корист на националните интереси, се вели во соопштението.
„Со одложувањето на прифаќањето на законот за антидискриминација, невладините организации кои работат на полето на правата на малцинствата, правата на жените, ХИВ/СИДА или правата на луѓето со посебни потреби, биваат игнорирани во нивните храбри обиди да се справат со дискриминацијата“ – вели Diane Fisher, Бискупот на MCC за источна Европа.
„Законот не е замислен да ја ограничи слободата на верата. Православната црква не е вклучена во Европските директиви со кои се забранува дискримиација при вработување врз основа на верска припадност. Кога државните пари се наменети за сервиси кои и служат на целата заедница, негативната реакција на Православната црква нема леглана основа. Затоа го сметаме за реалистичен и неопходен јавниот став изразен од страна на Г-дин Караџиќ, државниот секретар за човекови права и права на малцинствата, кој неодамна го посочи принципот за одделеноста на црквата и државата“ – вели Fisher.
MCC ја повикува српската влада да остане активна во создавањето и градењето на култура на човекови права од која антидискримационата легислатива е неоделлива.
„Интензивирани се контакитите помеѓу Српската влада, Европската комисија и групата за ЛГБТ права на Европскиот Парламент и ќе се креира нова, колаборативна стратегија за борба против дикриминацијата. Гласот на српскиот граѓански сектор би требало да биде вклучен во дијалогот, а не да биде замолчен.“ – вели Бискупот.