„Кондомите не помагаат во спречувањето на СИДА-та“

„Кондомите не помагаат во спречувањето на СИДА-та“




Папата Бендедикт за време на својот престој во Африка изјави дека постои подобар начин на борба против СИДА-та отколку употребата на кондоми.

– СИДА-та е трагедија која не може да се надмине само со пари и која не може да се надмине само со дистрибуција на кондоми – изјави 81-годишниот Папа на неговиот лет од  Рим.

Решението лежи во „духовно и човеково будење“ и „ пријателство кон тие што страдаат“ – вели Папата Бендедикт кој исто така ќе ја и Ангола за време на еднонеделното патување.

Од 1980-та година до денеска СИДА им ги одзема животите на 25 милиони луѓе, во најголем дел во субсахарскиот дел од Африка, а 22 и пол милиони живеат со ХИВ.





По неговиот избор во 2005-та, ова преставува една од најекслицитните изјави на Папата во врска со употребата на кондоми за да се спречи ширењето на СИДА-та. Исто така се верува дека првпат јавно го изговара зборот кондом.

Католичката црква проповеда дека хетеросексуалниот брак, девственоста и апстинецијата се најдобрите начини да се спречи СИДА-та. Таа не ја одобрува употребата на кондоми, но некои црковни лидери досега упатиле повици за одобрување на употреба во ретки случаи помеѓу хетеросексуални брачни парови кај кои едниот партнер е заболен од СИДА.

– Постои решение кои се состои од две нешта: Првото е хуманизација на сексот, хумано спиритуално подновување кое со себе носи нови начини на однесување помеѓу луѓето. Второто е вистинското пријателство, особено наспрема  оние кои страдаат, вољата да се направат лични жртви -  тврди Папата Бенедикт.

Тој повика на „коректен однос наспрема своето тело“

Минатата година, околу 60 католички групи напишаа отворени писма адресирани на Папата во која повикаа да го повлече противењето на Ватикан за употребата на контрацепција.

Некои свештеници кои работат со лица во Африка кои се инфицирани со ХИВ,  исто така, ја преиспитуваа логиката на Црковната политика.

Во разговор со новинарите Папата изјави дека економската криза е производ на „ недостатокот на етика во економските структури“.

– Етиката е нешто што не би требало да биде надвор од економијата. Економијата ане функционира доколку во себе не носи етичка компонента – вели тој.

При своето пристигнување во Камерун, Папата изјавил дека со себе ја донел„христијанската порака за надеж“

– Во лицето на страдањето или насилството, сиромаштијата или гладот, корупцијата или злоупотребата на моќта, еден христијанин несмее да молчи – вели тој – дури и за времето на најголемото страдање, христијанската порака секогаш носи надеж.

Папата Бендикт, кој зад зебе ја остави котраверзата за укинување на екскомуникацијата на Ричард Вилијамсон, свештеник кој го негира постоењето на холкаустот, ги отфрли тврдењата дека се чувствува осамен по прашањето на оваа тема.

– Искрено, смешен ми е овој мит за осаменост – изјави Папата за време на летот, негирајќи ги извештаите во италијанските медиуми во кои се тврдеше дека оваа контроверза го излолирала.