19
Mar
САД ја подржува декларацијата за права на гејовите
Вашингтон, САД - Претседателот Обама ќе ја поддржи декларацијата на Обединетите нации со која се повикува на декриминилизација на хомосексуалноста во целиот свет.Со декларацијата која е спонзорирана од Франција ќе им се забрани на земјите во светот да ја сметаат хомосексуалноста за противзаконска.
Поранешниот претседател Буш одби да ја потише декларацијата за време на неговиот мандат, со што САД претставуваше единствена земја од западот која ја нема потпишано оваа декларацијата.
Властите во САД тогаш тврдеа дека САД се противат на дискриминацијата на основа на сексуалната ориентација, но дека некои делови од декларацијата покренуваат законски прашања кои треба подетално да се разгледаат.