Свет

Катманду - Стотици геј луѓе, лезбејки и трансексуалци се молеа монсунските дождови да не почнат за време на геј парадата, која се оддржа минатата среда во главниот град на  Непал, предводена од едниствениот политичар кој отворено ја искажува својата хомосексуална ориентација во Јужна Азија.

Маршот беше во организација на непалскиот парламентарец Sunil Pant, активист за правата на ЛГБТ популацијата, кои јаваше низ градот качен на слон проследен од 500 симпатизери, од кои многумина танцуваа и свиреа музички инструменти.

Прајдот беше темпиран да се совпадне со фестивалот Хинду на Gai Jatra, традиционално шарен настан во кој многумина млади мажи се преоблекуваат во жени.

Непал е една од ретките прогресивни земји во Јужна Азија во поглед на правата на геј луѓето и лезбејките, а во непалскиот парламент во мометот се расправа за законот за легализација на хомосексуалните бракови.


23-годишниот Kинез кој се има заразено со вирусот СИДА во неговата младост преку трансфузија на крв и кои оттогаш активно учествува во кампањите за правата на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, беше лишен од слобода минатата сабота.

Tian Xi, кој им се пожалил на другите активисти дека неговите постојани протести ги налутиле властите во Кина, беше притворен во вторникот во болница во градот Henan кој се наоѓа во провинцијата Xincai и потоа бил одведен на непозната локација.

Tian лобираше за надомест на штета на илјадниците Kинези кои како него самиот, се имаат заразено со ХИВ преку инфицирани резерви на крв.

Властите во Кина велат дека најмалку 740.000 луѓе живеат со ХИВ, но активистите велат дека реалните бројка е далеку повисока.


Врховниот суд  во Мексико донесе одлука за признавање на истополвите бракови кои се извршени во Мексико Сити, главниот град на државата. Ова значи дека со оваа одлука секоја од 31-та различни држави во Мексико ќе мора да ги признаат сите геј бракови од Мексико Сити.

Со одлуката не се бара од другите Мексикански држави да дозволат усвојување на истополвите бракови.

Во Врховниот суд се гласаше 9-2  ко корист на одлуката за прифаќање на истополовите бракови од Мексико Сити на национално ниво. Судот наведе уставен закон со кој се бара да се признаваат правните договори основани надвор од границите на сојузините држави.

Како и Вашингтон, главниот град на Мексико е правно одвоен од другите сојузни држави.

Во март, законот за истополови бракови беше усвоен од страна на федерален округ на Мексико Сити, давајќи им ги истополовите парови сите права коио ги уживаат хетеросексуалните парови - вклучувајќи заедничко социјално осигурување и право да посвојуваат деца.


Амандманот 8, кој престауваше деликатна изборна тема, беше одобрен во Калифорнија во ноември 2008-та година со 52 проценти „за„ од вкупниот број на гласови. Гласачите излегоа на референдум, откога државниот Врховен суд донесе одлука со која се дозволуваат истополовите бракови.

Застапниците на истополовите бракови беа воодушевени од одлуката на судот, а противниците покренаа обвиненија за т.н. судски активизам од страна на американскиот Окружен судија Вон Вокер, републиканец кој исто така е отворено геј.

"Хетеросексуалните бракови не се подобри од истополовите,како партнери, истополовите и хетеросексуалните двојки се еднакви", напиша Walker во неговата одлука.

На геј луѓето и на лезбејките не им е дозволено да се венчаат се додека трае  процесот на жалби. Случајот ќе оди на Апелациониот суд, а можеби и на крајот ќе стигне и до американскиот Врховен суд.

Постојат сериозни проблеми во Фиџи поради зголемувањето на бројот на ХИВ-СИДА позитивни случаи и преставниците на Министерството за здравство ги повикуваат жителите да преземат акција и да се спречи ширењето на смртоносниот вирус, откако оваа година на тестовите, три новородчиња се покажале како ХИВ позитивни.

Портпаролот на Министерството за здравство на Фиџи, Peni Namotu, во четвртокот за локалните медиуми изјави дека Министерството сака да ги вклучи сите, и верските организации, и наставниците и родителите, да се преземе акција и да се осигура дека луѓето употребуваат превентивни мерки.

Само минатата година, имаше 43 нови случаи и ова беше еден алармантен податок за население кое брои нешто повеќе од 850.000 луѓе. Најновите статистички податоци покажуваат 21 нови ХИВ позитивни случаи до месец јуни оваа година, со што вкупниот број ХИВ позитивни случаи е 354 лица.

Исто така, се сугерира дека училишниот систем мора да ги имплеметира програмите за сексуална образование и кај помалдите ученици.


Мината сабота во Тел Авив се одржа марш за одбележување на годишнината од вооружениот напад на геј младински центар во градот, во кој загинаа двајца, а 13 лица беа повредени.

Следнот месец делегација на лицата кои биле повредени во пукањето ќе се приклучи на делегацијата на службениците од градот Тел Авив и општините, и израелски претставници на полицијата на средбата во Берлин со претставници на Maneo, група која обезбедува поддршка за геј и бисексуалните мажи кои биле жртви на насилство, со членови на Берлинската полицијата, со германски парламентарци и официјални челници во Берлин.

Берлинскиот модел беше усвоен од страна на други европски градови, како Барселона. Тој се заснова на соработка помеѓу Maneo и властите, особено со полицијата, која има два службеника кои работат со геј заедницата за да се справат со хомофобичните злосторства.

Доколку моделот е донесен во Израел, Hoshen, која претставува работна група за промена на стереотипите во врска со хомосексуалноста и бисексуалност, и спроведува  тренигнзи за професионалци за прашања кои се однесуваат на ЛГБТ луѓето, ќе ја преземе улогата на Maneo.


Групата за човекови права Intact America (IA), во соработка со Меѓународната коалиција за генитален интегритет (ICGI), имаа свое излагање на AIDS 2010-конференцијата во Виена, на кое остро се спротиставија на промовирањето на обрежувањето како средство за превенција од ХИВ.

"Промоцијата на машкиот сунет испраќа погрешна порака, се создава лажно чувство на заштита, и ги изложува жените на поголем ризик од ХИВ. Мажите чекаат на ред да се обрежат, верувјќи дека тие веќе нема да треба да користат кондоми ", рече Georganne Chapin, директорката на Intact America. "Тоа е загрижувачки што ограничените ресурси ќе се потрошат на овој вид на превенција, а новото истражување покажува дека употребата на антиретровирусна терапија (ART) го намалува ширењето на заразата до 92 проценти. Нашите ресурси треба да бидат посветени на антиретровирусна терапија, и на програми со кондоми и вакцини.

Одредена етичка загриженост преставува и неодамнешниот притисок за извршување на сунет на мали деца како превенција на ХИВ. Неонаталниот сунет го уништува ерогеното ткиво и  ги става новороденчињата во непосреден ризик од инфекција, крварење, оштетување на пенисот, па дури и смрт.


Аргентина стана првата земја во Латинска Америка која ги легализира геј браковите, откако во Сенатот на аргентинскиот парламент по 14-часовна жестока дебата беше одобрено донесувањето на законот за брачна заедница меѓу партнери од ист пол.
 
Донесувањето на законот беше поддржано од централно-левичарската влада на претседателката Кристина Фернандез со 33 гласови “за“, 27 гласови “против“ и тројца воздржани, а Католичката црква и другите религиозни групи остро се спротивставија на неговото донесување.

Граѓанските заедници меѓу партнери од ист пол веќе се легализирани во Уругвај и во некои од државите на Бразил и Мексико.

Владата на шпанската покраина Каталонија покрена истрага за клиника во Барселона која наводно нудела третмани за лекување од хомосексуалност.

Поликлиниката Тибидабо, во главниот град на Каталонија, како што јавуваат шпанските медиуми, нуди таблети и психијатриски третмани кои хомосексуалците треба да ги „извади на прав пат“.

„Покрената е истрага за работата на клиниката“, изјави портпаролот на канцеларијата за здравство на регионалната влада, додавајќи дека оттаму сметаат оти хомосексуалноста не е болест.

Клиниката се соочува со парична казна доколку се утврди дека навистина нудела такви третмани.

Хомосексуалноста во Шпанија е легализирана набрзо по смртта на диктаторот, генералот Франциско Франко во 1979 година


Децата од лезбејски родители се подобри од нивните врсници според резултатите од академските и социјалните тестови - ова е исходот на најдолготрајнито истражување на истополовите семејства.

Истражувачите на National Longitudinal Lesbian Family Study велат дека резултатите треба да се влијаат на менувањето на ставовите за посвојување на деца од геј и лезбејски двојки, што е забрането во некои делови на САД.

Ова откритие е се основа врз истражувањето на 78 деца кои биле родени од лезбејски мајки, кои користеле вештачко оплодување и биле интервјуирани и тестирани на 17-годишна возраст.

Новите тестови не оставаат сомнеж за успехот на овие двојки како родители, вели Nanette Gartrell од Универзитетот на Калифорнија, Сан Франциско, која има работено на студијата од самиот почеток на истражувањето во 1986 година.


Според нов извештај  секоја година се извршуваат  стотици егзекуции на корисинци на дрога, а вистинската бројка би можела да биде повеќе од 1.000, бидејќи некои земји не ја откриваат  вистинската бројка на извршени смртнати казна.

Но, ИХРА, Меѓународната асоцијација за намалување на штети, вели дека бројот на државите кои извршуваат смртни казни за прекршоци поврзани со дрога се во опаѓање.

Според ИХРА, дури и Малезија и Сингапур - познати  по историјата  на смртни казни на престапници поврзани со дрога  - во голема мера го намалиле бројот на егзекуции

Од 32-те држави ширум светот кои имаат законска регулатива која дозволува смртна казна за кривични дела поврзани со дрога, се вели во извештајот, Кина, Иран, Саудиска Арабија, Виетнам, Сингапур и Малезија се земјите кои најмногу ја практикуваат оваа казна. Во Иран, 172 престапници биле егзекутирани во 2009 годинa.



Конгресот на САД ќе одлучува за тоа дали да се им овозможи на геј луѓето отворено да служат во војската.

Утрово се очекува гласањето по предлог од страна на сенаторот Патрик Марфи, од Пенсилванија - демократ кој служел во војната во Ирак, со кој би се укинал законот од 1993 година познат како "не прашувај, не кажувај“ закон.

Новиот закон, кој претставува компромис со Белата куќа и со кој се согласува и Одделот за одбрана, на војската ќе и даде онолку време колку и е потребно, пред да ја укине забраната.

Според законот, претседателот, секретарот за одбрана и претседателот на Генерал штабот, најпрво мораат да потврдат дека новата политика нема да и наштети на воената способност на војската.

Застапниците на новиот закон се надеваат позитивната клима во Сенатот ќе се пренесе и во Конгресот, каде што неколку конзервативни демократи - вклучително и Џин Тејлор од Мисисипи - се заканија дека ќе се спротивстават на укинувањето на оваа одредба.

Порториканската полиција врши истрага, откако жена трансвестит беше пронајдена мртва во нејзиниот дом минатата недела. Ashley Santiago Ocasio, 31 годишна сопственичка на салон за разубавување, била застрелана во главата во градот Corozal минатата недела. Незиниот автомобил е исчезнат, иако нема траги од  насилно влегување во нејзиниот дом.

Минатиот ноември, телеото на Jorge Steven Lopez Mercado беше најдено изгорено во распаѓање покрај пат во градот Cayey. Деветнаесетгодишниот геј бил познат како крос-дресер и ноќта кога е убиен бил виден облечен како жена како влегува во колата на некое машко лице.

Осомничениот се терети за убиство од прв степен за убиството на Lopez.  Меѓутоа нема да му се суди за злосторство од омраза.


  • ХИВ активистот Максим Попов во Узбекистан, е осуден на седум години затвор поради изработката на една брошура наменета за ХИВ превенција

    Сите активисти на TalkingDrugs навистина сакаат колку што е можно повеќе да се дознае за овој случај,  за таа цел направивме PDF материјали со детали за неколку едноставни чекори кои луѓето можат да ги преземат за да се потенцира оваа неправда. Во моментов, ПДФ материјалите се достапни на руски, шпански, италијански и англиски јазик. Ве молиме испратете ги на вашите контакти.
  • Deutsch
  • Italiano
  • Русский
  • Español

Исто така постои можност да се стане фан на Фејсбук страницата за поддршка на Попов. http://www.facebook.com/pages/Maksim-Popov/171053975896?v=wall #! / pages/Maksim-Popov/171053975896? v = ѕид


Законодавниот дом на Мексико Сити ги одобри хомосексуалните браков  што претставува прв ваков закон донесен каде било во Латинска Америка.

"Законот беше целокупното одобрен од страна на 39 гласови во корист на законот, 20 против  и пет воздржани ", изјави портпаролот на главниот спонзор на законот, парламентарецот Davi Razu, минатиот понеделник.
Портпаролот Оскар Оливер рече дека мнозинство левичарските пратеници во Мексико Сити  спречиле да се изгласа опозиционерскиот амандман на нацрт-законот за геј бракови со кој би се спречиле истополови двојки да посвојуваат на деца.

"Со векови, неправедните закони забранува брак меѓу белците и црнците или Европејците и Индијанците", изјави пратеничката Romo од Демократска Револуционерна Партија. Со новиот закон во Мексико Сити се менува значењето на бракот од "слободна заедница меѓу мажот и една жена во слободен сојуз меѓу две лица ".

Во крајот на 2007 година, Уругвај стана првата земја во регионот во која се легализираа граѓанските сојузи помеѓу лица од ист пол.


Дестина хомосексуални двојки стапија во брак првиот ден откако тоа беше законски дозволено во главниот град на САД.

Вашингтон стана шестото место во САД каде што е дозволен брак на партнери од ист пол, така што им се придружи на Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт и Конектикат.

Портпаролката на судот соопшти дека 42 парови вчера ги подигнале своите дозволи за венчавка, а 12 од нив ги вратиле потпишани со што се докажува дека се венчани.

Паровите имаат рок од 10 дена по венчавката да ги вратат документите така што се претпоставува дека во наредните денови бројот на вакви бракови ќе биде зголемен.

 


Тековните политики на дроги во Европската унија прават повеќе штета отколку добро  - ова е заклучокот на јавната седница на ЕУ „Политика на дроги“ што се одржа во Европскиот парламент во Брисел, во на 23 февруари.

Carel Edwards, раководителот на Координативнто одделение за дроги на Европската комисија на расправата изјави дека се знае дека репресијата не функционира и дека Европа полека е на пат да усвои полиберални политики на дроги."

Целта на расправата во Европскиот парламент беше да се дискутира за таканаречениот Reuter Trautmann извештај,во кој се заклучува дека анти-дрога стратегите на земјите од Европската унија на многу начини се неуспешни.

Reuter Trautmann извештајот е резултат на истражувањето на влијанието на политиките на дроги на глобалниот пазар на дрога во последните десет години. Тој беше подготвен од страна на американската корпорација RAND и холандскиот институт Trimbos, по барање на Европската комисија.


Европската комисија во наредните денови ќе го каже своето мислење за Нацрт-законот против дискриминација што го најавува македонската влада. Британскиот европски пратеник Мајкл Кешман, незадоволен од најавите дека од нацрт- законот е исклучена сексуалната ориентација како основа за дискриминација, одлучи да ја праша ЕК што мисли на оваа тема.

Ако Македонија не донесе квалитетен закон за заштита од дискриминација во која ќе биде вклучена и основата за заштитата на лицата со сексуална ориентација, најверојатно, ќе се најде пред Европскиот суд за правда. Ова го најави британскиот европарламентарец Мајкл Кешмен, кој во средата пред пратениците на Европскиот парламент ја прозва Македонија поради тоа што во антидискриминаторскиот нацрт-закон ја изостави категоријата на лицата со сексуална ориентација.

Голема дебата во врска со дискриминацијата поврзана со сексуална ориентација и родовиот идентитет ќе се одвива следната недела во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур – прва од таков вид во последните 10 години, а само трета во историјата на организацијата.

Собранието, кој е составено од претставници на парламентите од 47 земји членки на Советот на Европа, ќе расправа и гласа за двата предлога  кои ги предложи известувачот за Собранието, пратеникот Андреас Грос од Швајцарија:
• Резолуција за препораки до земјите членки за мерките за борба родова дискриминација
• препораки до Комитетот на министрите на Советот на Европа, кои ги претставуваат владите на 47 земји-членки.