22 Dec Укинат хомофобичниот воен закон во САД
Претседателот Барак Обама се очекува денес да го потпише документот со кој се укинува забраната за служење во воената служба на геј лицата кои отворено ја декларираат својата сексуална ориентација.
Сенатот на САД во саботата гласаше за законот со кој се укинува 17-годишната „не прашувај, не кажувај“ политика, што значи дека сега законот е подготвен за потписот на преседателот. Сепак, ќе поминат неколку месеци пред законот да стапи на сила.
Укинувањето на оваа одлука значи дека за прв пат геј лицата ќе можат јавно да ја изразат својата сексуална ориентација, без ризик да бидат исфрлени од воените сили.
Откако беше донесен неславниот хомофобичен закон во 1993 година, повеќе од 13.500 членови на воените сили беа отпуштени од служба.
“Сега е време да се затвори ова поглавје на нашата историја”, изјави Обама во соопштение за јавноста. “Време е да се признае дека жртвата, храброста и интегритетот не се повеќе дефинирани од страна на сексуалната ориентација, како што не се ни од страна на расата, полот, религија или верувањата.”
Укинувањето на “не прашувај, не кажувај” политиката во рамките на американската војска е уште една победа за демократите во рамките на администрацијата на Обама.