15 Dec Називот прави разлика за сексуалните работници
Минатата недела Министерството за јавна безбедност на Кина предложи нов назив за женските сексуални работници нарекувајќи ги “паднати жени” наместо “проститутки”.
Овој акт покажува поголема почит за посебна група на луѓе, а исто така укажува на можноста дека со промена на називот може да има промена на ставовите и однесувањето. Сексуалната работа, најстарата од сите професии, сега речиси има статус на подземена индустрија во Кина. Како социјалистичка земја, Кина секогаш ја негираше легитимноста на сексуалната индустрија во морална и правна смисла.
Сексуалната работа е легална во многу земји во светот и називот за луѓето кои се вклучени во неа е сексуални работници. Во Кина, терминот сексуални работници не се користи, поради отсуството на “морална перспектива.” Наместо тоа, тие се нарекуваат “порнографски работници” или “работници во проституцијата.”
Но сега кога тие се наречени “паднати жени” наместо проститутки, постои се помалку презир и потсмев, а повеќе симпатии во тонот на изразувањето. На овој случај треба да се гледа како на демонстрација на похумано спроведување на законите.