World

Судот кој јa донесе историската одлука со која Масачусетс стана првата држава во САД во која се легализираа браковите од ист пол, постои можност да ја добие својата прва геј судија.

Гувернерот Давал Патрик во понеделникот ја номинирше Барбара Ленк за да го пополни отвореното место на Високиот судски совет на Масачусетс. Ленк е лезбејка и е оженета со нејзината партнерка откако Високиот суд донесе одлука во 2003-та година за укинување на државата забрана за браковите од ист пол, сметајќи ја забраната за неуставна.

Патрик изјави за Ленк дека е високо почитувана поради "нејзините остроумни и квалитетни дела и нејзиното внимателното однесување."

Според нејзината биографија Ленк  дипломирала право на Харвард во 1979 година и се приклучила на адвокатска фирма Brown, Rudnick, Freed & Gesmer, а за да подоцна стане партнер и експерт од областа на темите поврзани со Првиот амандман од уставот на САД.


Отфрлајќи ја жалбата на осуденикот на доживотен затвор за убиството на сексуален работник, Врховниот суд во Индија ја поттикна владата да обезбеди стручна обука на сексуалните работници за да им помогне во нивната рехабилитација.

"Одредени жени се принудени да влезат во проституцијата не поради задоволство, туку поради сиромаштијата", беше објавено во соопшение на судот минатиот месец. "Ако на жените им е дадена можност да посетат техничка или професионална обука, со таквата стручна подготовка и стекнатите вештини тие ќе бидат во можност да заработат за својот живот, наместо да го продаваат своето тело."

Сексуалните работници не беа импресионирани од ова сооштение.

"Ова преставува лајнова симпатија", за TrustLaw изјави Вина, трансродов сексуален работник. Вина е преставник на унијата на сексуални работници Карнатака во Бангалор, град во јужниот дел на земјата.

Она што најмногу име е потребно на сексуални работници е декриминализација на нивната работа. Во Индија, сексуалната работа не е нелегална, но активностите околу сексуалната работа, како што се подведувањето или водењето на бордел се казнуваат со парични казни, па дури и затвор.

Владата има рок до 4 мај да ги среди деталите за спроведување на стручна обука. Но, едно е сигурно меѓу сексуалните работници - принудните рехабилитации извршени од страна на државата за "спас“ на сексуалните работници не се патот нанапред.

Соопштението за сексуална ориентација и родов идентитет доби подршка без преседан

(22-ри Март, 2011) Во неверојатен развој за принципите на Универзалната декларација за човекови права, во седиштето на Советот за човекови права при Обединетите нации (UNHRC) во Женева, денес, за време на генералната дебата, Колумбија предаде Заедничко соопштение во која ги повика државите да стават крај на насилство, кривичните санкции и поврзаните кршења на човековите права врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, и го повика Советот за човекови права да ги реши овие важни прашањата. Соопштението беше предадено во име на широка група на 85 земји-членки од сите региони на светот.

Соопштението на тема сексуална ориентација, родов идентитет и човекови права ја доби поддршката на најголемата група на земји до денешен ден. Таа се базира на слично соопштение предадено од страна на Норвешка во Советот за човекови права во 2006-та (во име на 54 членки), како и заедничкото соопштение дадено од страна на Аргентина во Генералното собрание во 2008-та (во име на 66 членки). Јасно е дека секој пат кога станува збор за вакви прашања, се забележуваат мерливи зголемувања на поддршката од страна на членките.

Во текот на истата дебата, Нигерија во име на Африканската група, интервенираше и уште еднаш ја потврди критичната точка дека законите со кои се криминализира сексуалната ориентација треба да се повлечат. Други земји-членки на ОН, на пример, Руската Федерација и Ватикан, исто така, зборуваа против насилство и дискриминација врз основа на сексуална ориентација. Јужна Африка, потписник на заедничкото соопштение, во посебна интервенција истакна дека сексуалната ориентација не е нов проблем за оваа земја, и повика на меѓувладин процес за да се обезбеди отворен дијалог по ова прашање.

За време на шеснаесетата седница на Советот за човекови права, високиот комесар на ОН за човекови права, Navanethem Pillay, изјави: "Ние не се обидуваме да создадеме нови или посебни права. Ние едноставно се обидуваме да одговориме на предизвиците што милиони луѓе се спречени да ги уживаат истите човекови права како останатите граѓани само затоа што тие се лезбејки, геј, бисексуалци или трансродовви лица."

Заедничкото соопштение беше испорачано во име на 119 организации од над 60 земји. Граѓанското општество исто така даде охрабрување за можниот иден дијалог во рамките на Советот, за поддршката на оние земји што сè уште не се чувствуваат во можност да го подржат ова соопштение, но кои ја споделуваат загриженоста на меѓународната заедница за овие системски злоупотреби на човековите права. Тие, исто така, потврдија дека Советот не може да одбие да одговори или да дискутира за кршењето на човековите права на сите поединци.

Група од деветнаесет Национални институции за човекови права, вклучувајќи ги и оние од Кореја, Сенегал и Јужна Африка, исто така, ја потврдија важноста на осудувањето на кршењето на човековите права врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Овие институции се важни за решавање на повредите на човековите права - вклучувајќи ги и истрагите на претставките, разгледувањата на законите и политиките, покренувањето на национални истраги и едукацијата на јавноста - за подобро да бидат заштититени и промовирани правата на луѓето со нетрадиционални сексуални ориентации.

Во заедничкото соопштение се поддржува она што телата за човекови права на ОН постојано го повторуваа: дека никој не треба да се соочи со повреда на правата поради сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Откога Комитетот за човекови права на ОН во 1994 година одлучи дека сексуалната ориентација е категорија која треба да биде заштитена од дискриминација, експертите на Обединетите нации постојано дејствуваа против злоупотребите кои ги таргетираат ЛГБТ луѓето, вклучувајќи убиства, тортура, силување, насилство, исчезнувања, и дискриминацијата во многу области на животот.

Потписнички на заедничкото соопштение при Советот за човекови права се: Албанија, Андора, Аргентина, Ерменија, Австралија, Австрија, Белгија, Боливија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Канада, Централна Африканска Република, Чиле, Колумбија, Костарика, Хрватска, Куба , Кипар, Чешка Република, Данска, Доминика, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Естонија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Гватемала, Хондурас, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалови Острови, Мексико, Микронезија, Монако, Монголија, Црна Гора, Науру, Непал, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Палау, Панама, Парагвај, Полска, Португалија, Романија, Руанда, Самоа, Сан Марино, Србија, Сејшели, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Источен Тимор, Тувалу, Украина, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, САД, Уругвај, Вануату, Венецуела, и Македонија

Геј и лезбејските активисти се шокирани од апликацијата за Епловите производи iPhone и iPad, за која се тврди дека може да ја „излекува“ хомосексуалноста.

Бесплатната апликација, развиена од страна на анти-геј христијанската организација Exodus International, наводно можела да ги научи корисниците "да се ослободат од хомосексуалноста преку силата на Исус".

Апликацијата, која беше објавена на 15 февруари на iTunes, од страна на Епл и бил даден рејтинг од 4+, што значи дека станува збор за апликација за која се смета дека не се содржи непристојна содржина.

"Со искуство од повеќе од 35 години, Exodus е посветена на охрабрување, едукација и опремување на Телото Христово да одговори на прашањето на хомосексуалноста со благодат и вистина" – се вели во описот на апликацијата.

Организацијата, наводно, се залага за техники како што се апстиненција и зајакнување на чувството за машки и женски идентитет кај хомосексуалците кои би требало да бидат решение за нивниот „проблем“.


Андреј Куомо, гувернерот од Њујорк, даде изјава на активистите за правата на хомосексуалците дека ќе посвети "целосно внимание" на проблемот на брачната еднаквост. На затворениот состанок, тој изјави дека за него тоа преставува личен проблем.

Според "Њујорк тајмс ", учесниците на состанокот изјавиле дека гувернерот бил "неочекувано силен и страстен" во врска со ова прашање.

За г-динот Куомо се вели дека е внимателен да не избрза со процедурата, како што беше случајот со предлог-законот кој не беше прифатен во Сенатот на САД во 2009-та година.

Во соопштението објавено по средбата, тој рече „За мене ова е повеќе од само еден закон. Се работи за животите на луѓето кои по многу години се без правата кои треба да им бидат загарантирани.“

Во пет држави во САД​ (Масачусетс, Конектикат, Ајова, Њу Хемпшир, Вермонт и Вашингтон) во моментов им е овозможено на хомосексуалните двојки да се венчаат.


Во неколку африкански земји, вклучувајќи ги Боцвана, Кенија, Мозамбик, Нигерија и Зимбабве се одржаа маршеви со кои беше одбележан Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници. Во Јужна Африка, маршеви се одржаа во Јоханесбург, Кејптаун и Мусина.

Маршот беше предводен од страна на Sex Workers' Education and Advocacy Task Force (Sweat) и Sisonke Sex Workers Movement, организации што се борат за човековите права на сексуалните работници.

Голем број од демонстрантите на маршот носеа маски за да се заштитат од стигма, вели Kholi Buthelezi, националниот директор на Sisonke .

Учесниците се сретнаа со полицијата во централната полициска станица во Јоханесбург за да и престават меморандум.

Загриженоста изразена во меморандумот се однесува на полициската бруталност врз сексуалните работници, сексуалните прекршоци извршени од страна на полицијата, како и молба да се истражат некои од кривичните дела извршени од страна на полицијата.


Крајниот десничарски српски лидер Младен Обрадовиќ ќе оди на суд под обвинение за предизвикување насилство во текот минатогодишната на геј парада во Белград на која повеќе од сто лица беа повредени.

Минатиот четврток за време на отворањето на судската расправа, Обрадовиќ, предводникот на националистичката организација Образ, негираше дека бил одговорен за случувањата.

Обрадовиќ и уште тринаесет други лица се обвинети за насилно однесување на јавнен собир. Тие се соочуваат со казна до дванаесет години затвор.

Екстремно-десничарската група ја нападна полицијата која ја обезбедувше белградската геј парада минатиот окомври. Прозападната српска влада вети дека ќе ги штити човековите права, доколку сака да добие членство во ЕУ.

Администрацијата на Обама, програмите за размена на прибор за инјектирање ги назначи како дел од третманот на корисниците на дрога, дозволувајќи федералните пари, издвоени за лекување на зависности, да се користат за дистрибуција на чисти шприцеви помеѓу корисниците на дрога.

Оваа одлука означува драматична промена во расправата за програмите за размена на опрема за инјектирање. Пред две години Претседателот Обама ја укина 21-годишната забрана за финасирање на програми за размена на прибор како нужно зло за да се намали ширењето на ХИВ помеѓу корисниците на дрога.

Новата позиција, утврдена од страна на Генералниот хирург на САД, д-р Регина Бенјамин, е дека државите во САД можат да добијат федерални пари за програми кои во третманот вклучуваат размена на прибор на инјектирање.

Бенјамин изјави за Вашингтон Егзаминер дека програмите за размена на игли можат да послужат како портал за третманот од зависност од дрога, ХИВ и други болести.

Фејсбук ги призна граѓанските заедници и домашните партнерства како статус за членовите на социјалната мрежа, потег кој беше поздравен од страна на групите за застапување на правата на ЛГБТ популацијата како силна изјава на поддршка на истополовите парови.

Гигантот на социјалните медиуми ги додаде статусите "во граѓанска заедница" и "во домашно партнерство " на листата на достапни опции за статусот на членовите во САД, Канада, Велика Британија, Франција и Австралија.

„Со новите опции, на корисниците од целиот свет, Фејсбук им испрати јасна порака за поддршката на геј и лезбиските парови ", рече Џарет Бариос, претседател на Gay & Lesbian Alliance Against Defamation.

„Кога милиони корисници на Фејсбук ќе ги видат овие опции за статус, тие ќе се здобијат со поголемо разбирање на правните нееднаквости со кои се соочуваат посветените двојки од ист пол во големиот број на различни земји", тврди Бариос.

GLAAD е една од националните ЛГБТ организации кои се дел од мрежата на Palo Alto firm's Network of Support, формирана минатиот октомври и која прави напори за борба против сајбер-булиингот.

Во нова студија, финансирана од страна на државата, се вели дека денеска новите инфекции со хепатит Ц се многу поретки во САД, во споредба со почетокот на 80-тите години на минатиот век.

Според новата студија на истражувачите од Американскиот центар за контрола на болести и превенција (CDC), во средината на 80-тите години од минатиот век, седумдесет лица од еден милион Американци на секоја година добивале акутен хепатитис Ц.

Помеѓу 1994-тата и 2006-тата година, таа стапка е 90 отсто пониска: само 7 лица од еден милион на годишно ниво.

Со текот на годините, лицата кои инјектираат дрога беа сметани за придонесувачи за поголем дел од случаите на зараза, и нивниот ризик од инфекција останува важен здравствен проблем, тврдат истражувачите на CDC во Архивата на интерна медицина.

Хепатитис Ц се пренесува преку контакт со заразена крв - најчесто преку споделување на валкани игли - иако мал број на случаи се пренесени по сексуален пат или од мајка на бебе за време на породувањето.

Напорите за спречување на пренесувањето на хепатит Ц меѓу лицата кои инјектираат дрога - преку едукација и програми за размена на прибор за инјектирање се покажаа како многу ефикасни, се вели во студијата.


МУМБАИ, - Интерсексуалните лица успеаа во напорите да бидат регистрирани одделено на овогодишниот попис во Махараштра (Индија), така што нивниот број ќе се смета во колоната за род означена како "други", соопшти висок официјален претставник на администрацијата на Махараштра.

"Во новиот прилог на образецот за пописот, интерсексуалците ќе се сметаат како „други", покрај машкиот и женскиот род. И сексуалната работа во колоната за „професија“,  ќе биде одделена од категоријата „питачење“ - изјави Ranjeetsing Deol, раководител на пописот во Махараштра.

-Пописот во Махараштра ќе се одржи од 9-ти до 28-ми февруари и и ќе биде ревидиран во првата недела на март, изјави Deol.

Некои невладини организации и помагаат на Владата во регистрацијата на питачите. Странците кои престојуваат во земјата повеќе од дваесет и еден ден, исто така, ќе бидат вклучени во пописот.


Минатиот четврток, околу двеста геј мажи беа уапсени во кралството Бахреин, кога полицијата спроведе рација на една приватна забава за која се препоставувало дека преставува истополова свадба.

Лицата кои се воглавно жители на Бахреин и земјите во Персискиот залив, беа уапсени под обвинение дека се "однесувале против јавниот морал", а нивните случаи ќе ги застапува генералниот правобранител во земјата, извести Геј НЗ.

Заливскиот Дејли Њуз објави дека забавата се одржувала во сала на Хид спортс клубот Ал Рајан во близина на многу религиозна област. Некои делови од Бахреин се познати како порелаксирани по прашањата на сексуалноста.

Непосредно по апсењата, општинскиот советник Рамзи Ал Џалалиф повика на построга контрола на салите за прославување, соопшти Дејли њуз. Тој тврди дека лицата го излажале менаџерот на местото на случувањето, велејќи му дека во салата ќе се слави роденден.

"Тие треба да бидат внимателни и да ги испитаат околностите пред да се дозволат да се случуваат вакви настани и да ја уништат репутацијата на земјата", рече Ал Џалалиф.


Според изјавите на активистите во Уганда, убиен е познат борец за правата на хомосексуалците, кој минатата година тужеше еден локален весник кој ја објави неговата сексуална ориентација.

Полицијата ја потврди смртта на Дејвид Като, но вели дека ги испитува околностите.

Весникот Ролинг Стоун Уганда објави фотографии од неколку луѓе за кои тврди дека се хомосексуалци над кои стоел насловот "Обесете ги".

Хомосексуалноста е нелегална во Уганда, и се казнува од 14 години во затвор.

Еден пратеник неодамна се обиде да ги зголеми казните со предлогот за воведување на смртна казна во некои случаи.

Хјуман рајтс воч цитира сведоци кои велат дека едно лице влегло во домот на  г-дин Като во близина на Кампала и го застрерало два пати во главата пред да замине. Г-дин Като починал на патот кон болницата.

Хјуман рајтс воч побара брза истрага за смртта на г-дин Като.

"Смртта на Дејвид Като е трагичната загуба на заедницата која се бори за почитување на човековите права ", рече Марија Синтез од Хјуман рајтс воч .

Активистот на организацијата Sexual Minorities Uganda (Smug) имаше кампања против анти-хомосексуалниот закон во Уганда, кој се чини дека не беше усвоен поради бурата од меѓународни критики во времето кога беше предложен во 2009-та година.

Кога минатата сабота, Da Wen го кажа судбоносното „Да“ на Xiao Qiang на нивната свадба во еден ресторан во Пекинг, тоа не преставуваше само акт на спојување на љубовта на две лица, туку и обид за зајакнување на борбата против СИДА-та.

Двајцата мажи кои иако се информирани дека хомосексуалните бракови не се признаени од страна на кинеската легислатива, сепак сакаа во јавноста да ја обелоденат својата врска како пример за другите геј двојки во Кина.

Иако нивниот брак не може да биде официјално регистриран, парот се здоби со сертификат, дополнет со фотографии од двојката и печат на фиктивната организација Кинески комитет за среќни бракови.

Xiao Dong, директор на волонтерскиот тим за превенција на СИДА од Пекинг, вели дека таквите хомосексуални бракови ќе им помогнат на луѓето во геј заедницата во превенцијата на СИДА-та.

Тој вели дека со бракот може да се зацврстат врските помеѓу паровите и да се избегнат брзите промени на сексуалните партнери.

Xiao рече дека факот дека не постои закон за регулација на истополовите бракови во Кина го отежнува процесот во кој хомосексуалните двојки можат да ја одржат својата врска.

Честото менување на сексуалните партнери на луѓето во геј заедниците се должи на отсуството на законска регулатива, со што драматично се зголемува ризикот од зараза од СИДА-та, рече Xiao.


Во соопштението за јавност на УНАИДС објавeно на крајот од минатата година се вели дека во светот постои значителeн пад на бројот на нови лица инфицирани со ХИВ/СИДА.

Во соопштението се вели дека новите ХИВ/СИДА инфекции опаднале за речиси 20 отсто во последните 10 години, а смртните случаи поврзани со СИДА, исто така, се опаднати  скоро 20 проценти. Вкупниот број на лица кои живеат со ХИВ се стабилизира.

Во 59 земји, вклучувајќи ги и 18-те од 25-те земји со највисока преваленца, помалку од 25 отсто од мажите изјавиле дека имале секс со повеќе од еден партнер во последните 12 месеци.

Употребата на кондоми и нивната достапност, исто така, значително се зголеми, а извештаите за употреба на кондоми од страна на сексуалните работници, исто така, се охрабрувачки.

Во 60 земји, повеќе од 60 проценти од сексуалните работници користеле кондом со последниот клиент.

Податоците од 78 земји покажуваат дека употребата на кондоми меѓу мажите кои имаат секс со мажи изнесува повеќе од 50 проценти во 54 земји.

Пристап до третман на ХИВ/СИДА, вклучувајќи и програми за намалување на штети за луѓето кои инјектираат дроги достигна 32 отсто, далеку помалку од она што е потребно за да се заштитат корисниците на дрога од ХИВ/СИДА во целиот свет.

Денес, во познатиот округ Кастро во Сан Франциско се отвора првиот официјален геј музеј во САД.

"Се потрудивме да креираме музеј кој ќе биде богат, разновиден и изненадувачки како и самата ЛГБТ заедница", рече Пол Бонберг, извршен директор на GLBT Historical Society.

Во рамките на постојаната поставка на музејот се наоѓаат розови очила за сонце, свирче, Левис фармерки и други предмети од Харви Милк, кој е првиот хомосексуалец избран за функционер во САД.

"ЛГБТ музејот се наоѓа во срцето на Кастро, населбата која не е посетена само од локалните жители, туку и од повеќе десетици илјади туристи кои секоја година доаѓаат во потрага по квир култура ", рече Бонберг.

"Во нашиот музеј, тие ќе откријат богатства од нашите архиви кои рефлектираат фасцинантни приказни кои опфаќаат речиси еден век на ЛГБТ живот."

Музејот беше најавен како втор од ваков вид, по првиот кој се отвори пред една деценија во Берлин.


Националниот институт за злоупотреба на дрога на САД проценува дека повеќе од пет милиони Американци над 12-годишна возраст употребиле кокаин во 2008-та година. Иако корисниците можат да доживеат голема еуфорија и зголемена енергија, тие исто така можат да го доживеат инфаркт, мозочен удар и напади. Една студија, објавена завчера во оналјн магазинот Molecular Therapy, покажува дека постои можност наскоро да биде создадена вакцина против кокаинската зависност.

Научниците од Weill Cornell медицинскиот колеџ развија вакцина која се состои од супстанција слична на кокаинот и неактивен вирус на настинка. Вакцината ја тестирале на глувци зависни од кокаин. По инјектирањето на вакцината, глувците биле инјектирани со кокаин, но тие не трчале наоколу и не биле хиперактивни како во претходните реакции на кокаинот. Се верува дека вакцината е ефикасна, бидејќи таа се соединувала со кокаинот во крвта, така што кокаинот никогаш не стигнува до мозокот.

Д-р Роналд Кристал, главниот истражувач и професор по генетска медицина на Weill Cornell, рече дека ефектите од вакцината траеле до 13 недели кај експерименталните глувци. Иако не постои терапија за кокаин, сепак оваа вакцина дава голема надеж и се преземаат чекори да се почне со испитувања врз луѓе во текот на следните две години.


Претседателот Барак Обама се очекува денес да го потпише документот со кој се укинува забраната за служење во воената служба на геј лицата кои отворено ја декларираат својата сексуална ориентација.

Сенатот на САД во саботата гласаше за законот со кој се укинува 17-годишната „не прашувај, не кажувај“ политика, што значи дека сега законот е подготвен за потписот на преседателот. Сепак, ќе поминат неколку месеци пред законот да стапи на сила.

Укинувањето на оваа одлука значи дека за прв пат геј лицата ќе можат јавно да ја изразат својата сексуална ориентација, без ризик да бидат исфрлени од воените сили.

Откако беше донесен неславниот хомофобичен закон во 1993 година, повеќе од 13.500  членови на воените сили беа отпуштени од служба.

"Сега е време да се затвори ова поглавје на нашата историја", изјави Обама во соопштение за јавноста. "Време е да се признае дека жртвата, храброста и интегритетот не се повеќе дефинирани од страна на сексуалната ориентација, како што не се ни од страна на расата, полот, религија или верувањата."

Укинувањето на "не прашувај, не кажувај" политиката во рамките на американската војска е уште една победа за демократите во рамките на администрацијата на Обама.

Минатата недела Министерството за јавна безбедност на Кина предложи нов назив за женските сексуални работници нарекувајќи ги "паднати жени" наместо "проститутки".

Овој акт покажува поголема почит за посебна група на луѓе, а исто така укажува на можноста дека со промена на називот може да има промена на ставовите и однесувањето. Сексуалната работа, најстарата од сите професии, сега речиси има статус на подземена индустрија во Кина. Како социјалистичка земја, Кина секогаш ја негираше легитимноста на сексуалната индустрија во морална и правна смисла.

Сексуалната работа е легална во многу земји во светот и називот за луѓето кои се вклучени во неа е сексуални работници. Во Кина, терминот сексуални работници не се користи, поради отсуството на "морална перспектива." Наместо тоа, тие се нарекуваат "порнографски работници" или "работници во проституцијата."

Но сега кога тие се наречени "паднати жени" наместо проститутки, постои се помалку презир и потсмев, а повеќе симпатии во тонот на изразувањето. На овој случај треба да се гледа како на демонстрација на похумано спроведување на законите.