Убиен геј активист во Уганда

Убиен геј активист во Уганда

Според изјавите на активистите во Уганда, убиен е познат борец за правата на хомосексуалците, кој минатата година тужеше еден локален весник кој ја објави неговата сексуална ориентација.

Полицијата ја потврди смртта на Дејвид Като, но вели дека ги испитува околностите.

Весникот Ролинг Стоун Уганда објави фотографии од неколку луѓе за кои тврди дека се хомосексуалци над кои стоел насловот “Обесете ги”.

Хомосексуалноста е нелегална во Уганда, и се казнува од 14 години во затвор.

Еден пратеник неодамна се обиде да ги зголеми казните со предлогот за воведување на смртна казна во некои случаи.

Хјуман рајтс воч цитира сведоци кои велат дека едно лице влегло во домот на  г-дин Като во близина на Кампала и го застрерало два пати во главата пред да замине. Г-дин Като починал на патот кон болницата.

Хјуман рајтс воч побара брза истрага за смртта на г-дин Като.

“Смртта на Дејвид Като е трагичната загуба на заедницата која се бори за почитување на човековите права “, рече Марија Синтез од Хјуман рајтс воч .

Активистот на организацијата Sexual Minorities Uganda (Smug) имаше кампања против анти-хомосексуалниот закон во Уганда, кој се чини дека не беше усвоен поради бурата од меѓународни критики во времето кога беше предложен во 2009-та година.