Индија: Сексуалните работници против рехабилитација

Индија: Сексуалните работници против рехабилитација

Отфрлајќи ја жалбата на осуденикот на доживотен затвор за убиството на сексуален работник, Врховниот суд во Индија ја поттикна владата да обезбеди стручна обука на сексуалните работници за да им помогне во нивната рехабилитација.

“Одредени жени се принудени да влезат во проституцијата не поради задоволство, туку поради сиромаштијата”, беше објавено во соопшение на судот минатиот месец. “Ако на жените им е дадена можност да посетат техничка или професионална обука, со таквата стручна подготовка и стекнатите вештини тие ќе бидат во можност да заработат за својот живот, наместо да го продаваат своето тело.”

Сексуалните работници не беа импресионирани од ова сооштение.

“Ова преставува лајнова симпатија”, за TrustLaw изјави Вина, трансродов сексуален работник. Вина е преставник на унијата на сексуални работници Карнатака во Бангалор, град во јужниот дел на земјата.

Она што најмногу име е потребно на сексуални работници е декриминализација на нивната работа. Во Индија, сексуалната работа не е нелегална, но активностите околу сексуалната работа, како што се подведувањето или водењето на бордел се казнуваат со парични казни, па дури и затвор.

Владата има рок до 4 мај да ги среди деталите за спроведување на стручна обука. Но, едно е сигурно меѓу сексуалните работници – принудните рехабилитации извршени од страна на државата за “спас“ на сексуалните работници не се патот нанапред.