Сексуалните работници и интерсексуалците на попис

Сексуалните работници и интерсексуалците на попис

МУМБАИ, – Интерсексуалните лица успеаа во напорите да бидат регистрирани одделено на овогодишниот попис во Махараштра (Индија), така што нивниот број ќе се смета во колоната за род означена како “други”, соопшти висок официјален претставник на администрацијата на Махараштра.

“Во новиот прилог на образецот за пописот, интерсексуалците ќе се сметаат како „други”, покрај машкиот и женскиот род. И сексуалната работа во колоната за „професија“,  ќе биде одделена од категоријата „питачење“ – изјави Ranjeetsing Deol, раководител на пописот во Махараштра.

-Пописот во Махараштра ќе се одржи од 9-ти до 28-ми февруари и и ќе биде ревидиран во првата недела на март, изјави Deol.

Некои невладини организации и помагаат на Владата во регистрацијата на питачите. Странците кои престојуваат во земјата повеќе од дваесет и еден ден, исто така, ќе бидат вклучени во пописот.