САД: Се вовдедуваат програми за размена на прибор

САД: Се вовдедуваат програми за размена на прибор

Администрацијата на Обама, програмите за размена на прибор за инјектирање ги назначи како дел од третманот на корисниците на дрога, дозволувајќи федералните пари, издвоени за лекување на зависности, да се користат за дистрибуција на чисти шприцеви помеѓу корисниците на дрога.

Оваа одлука означува драматична промена во расправата за програмите за размена на опрема за инјектирање. Пред две години Претседателот Обама ја укина 21-годишната забрана за финасирање на програми за размена на прибор како нужно зло за да се намали ширењето на ХИВ помеѓу корисниците на дрога.

Новата позиција, утврдена од страна на Генералниот хирург на САД, д-р Регина Бенјамин, е дека државите во САД можат да добијат федерални пари за програми кои во третманот вклучуваат размена на прибор на инјектирање.

Бенјамин изјави за Вашингтон Егзаминер дека програмите за размена на игли можат да послужат како портал за третманот од зависност од дрога, ХИВ и други болести.