Опаѓа бројот на нови ХИВ/СИДА инфицирани

Опаѓа бројот на нови ХИВ/СИДА инфицирани

Во соопштението за јавност на УНАИДС објавeно на крајот од минатата година се вели дека во светот постои значителeн пад на бројот на нови лица инфицирани со ХИВ/СИДА.

Во соопштението се вели дека новите ХИВ/СИДА инфекции опаднале за речиси 20 отсто во последните 10 години, а смртните случаи поврзани со СИДА, исто така, се опаднати  скоро 20 проценти. Вкупниот број на лица кои живеат со ХИВ се стабилизира.

Во 59 земји, вклучувајќи ги и 18-те од 25-те земји со највисока преваленца, помалку од 25 отсто од мажите изјавиле дека имале секс со повеќе од еден партнер во последните 12 месеци.

Употребата на кондоми и нивната достапност, исто така, значително се зголеми, а извештаите за употреба на кондоми од страна на сексуалните работници, исто така, се охрабрувачки.

Во 60 земји, повеќе од 60 проценти од сексуалните работници користеле кондом со последниот клиент.

Податоците од 78 земји покажуваат дека употребата на кондоми меѓу мажите кои имаат секс со мажи изнесува повеќе од 50 проценти во 54 земји.

Пристап до третман на ХИВ/СИДА, вклучувајќи и програми за намалување на штети за луѓето кои инјектираат дроги достигна 32 отсто, далеку помалку од она што е потребно за да се заштитат корисниците на дрога од ХИВ/СИДА во целиот свет.