Азија: Се повеќе ХИВ позитивни кај МСМ популацијата
Вирусот кој предизвикува СИДА рапидно се шири помеѓу геј и бисексуалните мажи во Азија поради избегнувањето на употреба на кондоми од страна на помладата популација и неуспехот на властите во ширењето на свест за оваа болест.Епидемијата драматично ќе се прошири во следните години доколку не се подобри едукацијата и не се појави послилна политичка волја за борба против оваа болест, преупреди Massimo Ghidinelli, регионалниот советник за ХИВ/СИДА на Светската здравствена организација.
Неговите коментари беа објавени по еден семинар во Хонг Конг на кој регионалните експерти за СИДА дискутираа за растечкиот тренд.