Свет

Унгарското здружение за граѓански слободи во акција

Минатата среда Унгарското здружение за граѓански слободи  организираше протест пред влезот на Виенскиот меѓународен центар, зградата каде што се одржа средбата на високо ниво на ОН во врска со прашањето на дрогите.

На 11-ти и 12-ти март владините делегати се сретнаа за да дискутираат за ефикасноста на досегашните политики за контрола на дрогите и за да усвојат нова Политичка декларација во врска со дрогите.

И покрај доказите за неуспехот и непресметливите последици од глобалната војна против дрогите, и пред средбата беше јавна тајна дека владите нема да отстапат стариот ригиден пристап кон прашањето за дрогите.    

Во работната верзија на текстот на декларацијата воопшто не се спомнуваше намалувањето на штети кое претставува најефикасна алатка за намалување на болестите и смртните случаи поврзани со употреба на дрога.


Српската влада го стопира законот за антидискриминација

Мината недела на владата на Република Србија и беше порачано да го врати на агендата предложениот закон за антидискримиација. Драфт верзијата на законот била повлечена непосредно пред гласањето во српскиот парламент поради притисок од Српската Православна Црква.

„Во земја која се стреми стане членка на ЕУ, неприфатливо е малцинствата да бидат подложени на дискриминација вклучувајќи ја и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација“ – изјави Michael Cashman, претседателот на сепартиската група за ЛГБТ права.
Тој вели дека доколку српската влада е сериозна во врска со својата ЕУ апликација, би требало да го вратат законот на гласање во Парламетот.  

„Ова, исто така, претставува прашање за демократијата и владеењето на законот. Една земја не може да се смета за демократска доколку нејзината влада не го следи својот устав, во кој јасно е нагласена одделеноста на црквата и државата.“ - вели Cashman.
„Законот за антидискриминација е предложен во отворен и фер процес во кој сите парии учествуваа подеднакво. Во секој случај не е демократски да се стопира законот поради интервенција на црквата во последен момент “ - додава Cashman.


Ставот на Ватикан за политиката на дроги на ОН е „ризичен по живот“

Ватикан е обвинет за ставање под ризик на илјадници животи со тоа што се обидува да влијае на политиката на дроги на Обединетите нации во пресрет на донесувањето на битна меѓународна декларација.

Приговорите на Ватикан за стратегииите за намалување на штети, какви што се размената на прибор за инјектирање, предизвика жестока дебата помеѓу САД и ЕУ во врска со тоа како треба да му се пристапи на проблемот со дрогите.

Новата декларација на ОН треба да биде потпишана на 11-ти март. Меѓутоа, постојат големи несогласувања помеѓу земјите членки дали обврзувањето кон намалувањето на штети треба да биде вклучено во документот, кој се објавува на секои десет години.



Вирусот кој предизвикува СИДА рапидно се шири помеѓу геј и бисексуалните мажи во Азија поради избегнувањето на употреба на кондоми од страна на помладата популација и неуспехот на властите во ширењето на свест за оваа болест.

Епидемијата драматично ќе се прошири во следните години доколку не се подобри едукацијата и не се појави послилна политичка волја за борба против оваа болест, преупреди Massimo Ghidinelli, регионалниот советник за ХИВ/СИДА на Светската здравствена организација.

Неговите коментари беа објавени по еден семинар во Хонг Конг на кој регионалните експерти за СИДА дискутираа за растечкиот тренд.


Според извештај на владата во Свазиленд приближно 42 проценти од бремените жени во земјата се ХИВ позитивни, што претставува зголемување од 3 проценти во споредба со минатата година, пренесува АП. Според извештајот ваквата ситуација се должи на фактот што со подобрениот пристап до антиретровирусни лекови се продолжуваат животите на жените кои живеат со ХИВ. Околу 185 000 лица од Свазиленд, во кој живеат милион жители и претставува земја со највисока преваленца на ХИВ/СИДА во светот, живеат со ХИВ. Околу 30 000 лица имаат пристап до антиретровирусна терапија.

Еден од првите обиди на употреба на генетска терапија во третманот на ХИВ даде ветувачки резултати на клиничките тестови. Кога терапијата била тестирана на 74 пациенти се покажала како безбедна и ги намалувала ефектите на вирусот врз имунитетот.
Теоретски, еден третман би бил доволен за да ја замени потребата од антиретровирусна терапија. Студијата изработена од Универзитетот на Калифорнија во Лос анџелес е објавена во публикацијата Nature Medicine.

Високо активната антиретровирусна терапија допринесува за прогнозата на луѓето инфицирани со ХИВ. Но, таа мора да биде земана секојдневно, постои ризик од несакани реакции и вирусот, кој има неверојатна способност да еволуира,  почнува да развива отпорност кон лековите. Затоа потребни се нови начини за делување.


Извршниот директор на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, Мишел Казачкин  му препорача на претседателот на Комисијата за наркотични дроги на ОН да испрати силна порака за вклучување на сервисите за намалување на штети.

Ова претставува уште еден официјален меѓународен повик усмерен кон делегатите во Виена да се сопрат контроверзите за вклучување на концептот за намалување на штети во политичката декарација за 10 годишната евалуација на UNGASS за која треба да се донесе согласност која ќе важи за Комисијата за наркотични дроги.


Полицијата обвинета за неосновани апсења на геј мажи во продавници за порнографија

(Њујорк, САД) Се зголемува тензијата во врска со зголемувањето на бројот на апсењата на геј луѓе во продавници за порнографски филмови во Менхетн  под обвинение за проституција. Минатата недела градската советничка Кристин Квин се придружи во револтот кон овој случај. Таа изјави дека работи на договор на средба на преставниците на канцеларијата на градоначалникот и началниците на полицијата со преставници на геј заедницита и нивно влучување во истрагата на овој случај.



„Властите да реагираат против зголеменото насилство“

(Њујорк, 12-ти јануари 2009) - Властите во Хондурас треба целосно да го истражат убиството на Синтија Никол, истакнат трансродов борец за човекови права од Хондурас, и останатите насилства врз трансродовата заедница – објави организацијата Хјуман Рајтс Воч. Убиството на Никол е последното во серија насилни напади врз трансродовите луѓе во Хондурас.  

Засега непознати сторилтели ја убија Никол (32) утрото на 9-ти јануари оваа година. Според сведоштавата на други активисти, три непознати лица возејќи се во син автомобил пукале во Никол. Три куршуми завршиле во градите на жртвата, а еден во главата. Убиството се случило во Comayaguela, град кој се наоѓа во непосредна близина на главниот град на Хондурас.

„Синтија Никол неуморно се бореше за обезбедување на основни права за заштита на трансродовите сексуални работници“ – изјави Јулијана Кано Њето, истражувач  на Програмата за права на ЛГБТ популацијата на Хјуман Рајтс Воч. „Властите треба да ги најдат и приведат сторителите  на ова и на предходните напади врз трансродовата заедница“.


Толеранцијатa може да го намали ризикот од самоубиство кај геј тинејџерите

Геј, лезбејските и бисексуалните тинејџери имаат највисока стапка на обиди за самоубиства како и на други здравствени и псхихички проблеми во кои спаѓа и злоупотребата на психоактивни супстанции. Една нова студија покажува дека со прифаќањето и дури и со неутрална позиција од страна на родителите на сексуалната ориентација на своето дете може да се намали оваа висока стапка.

Во истражувањето објавено во магазинот Педиатрикс се покажало дека оние геј, лезбејски и бисексуални тинејџери кај кои постои најголем ризик од обид за самоубиство и кои имаат други здравствени проблеми спаѓаат во групата чии семејства не ја прифаќале нивната сексуална ориентација.


Програмите за размена на стерилен прибор за инјектирање и супституционата терапија треба да бидат во затворите за да се подобри превенцијата на ширењето на ХИВ

Затворите треба да имаат програми за размена на стерилен прибор за инјетирање, терапија со супститут и други превентивни мерки за превенција на ширење на ХИВ помеѓу затворениците. Ова се заклучоците од истражувањето на д-р Ралф Јургенс, консултант за ХИВ/СИДА во Квебек, Канада и негови колеги од Светската здравствена организација


САД изневери во подржувањето на осудата на анти-гај законите


Единствена помеѓу главните западни нации, САД одби да ја потпише декларацијата која повикува на декриминализација на хомосексуалноста на светско рамниште, а која беше презентирана во четвртокот во Обединетите Нации.

Вкупно 66 од 192 земји членки на Обединетите Нации ја потпишаа необврзувачката декларација – чекор што подржувачите на Декларацијата го гледаат како историски успех во убедувањето на Генералното Собрание да се занимава подлабински со анти-геј дискриминација. Повеќе од 70 ОН земји ја казнуваат хомосексуалноста, а во неколку од нив хомосексуалните акти се казниви со екзекуција.

Ко-спонзорирана од Франција и Холандија, декларацијата беше потпишана од сите 27 членки на Европската Унија, како и Јапонија, Австралија, Мексико и триесетина други земји. Имаше широка опозиција од муслиманските земји, и САД исто така одби да ја потпише, индицирајќи притоа дека одредени делови од декларацијата покренуваат правни прашања коишто треба дополнително да бидат прегледани.


Објавено е есенското издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:

Во фокус : Македонија: Полициски рации, приведувања, принудни СПИ тестови.

Повеќе од 30 сексуални работници, клинети, посредници и еден социјален работник на ХОПС, членка на СВАН, беа приведени во масовна рација. Сексуалните работници биле приморани да направат СПИ тестирања, а граѓанскиот сектор тврди дека имaло сериозни прекршувања на човекови права.

На сексуалните работници во Македонија им е потребана вашата помош: Потпишете го Отвореното писмо до македонската Влада.

Реакција на сексуалните работници и застапниците за нивните права: Што беше сторено?

ЛИНК до Билтенот