Според истражување на СЗО

Според истражување на СЗО




Програмите за размена на стерилен прибор за инјектирање и супституционата терапија треба да бидат во затворите за да се подобри превенцијата на ширењето на ХИВ





Затворите треба да имаат програми за размена на стерилен прибор за инјетирање, терапија со супститут и други превентивни мерки за превенција на ширење на ХИВ помеѓу затворениците. Ова се заклучоците од истражувањето на д-р Ралф Јургенс, консултант за ХИВ/СИДА во Квебек, Канада и негови колеги од Светската здравствена организација









Високата преваленца на ХИВ инфекции и зависност од дрога помеѓу затворениците, во комбинација со делење на иста опрема за инјектирање, придонесуваат за високиот ризик за пренесување на ХИВ и Хепатит Ц во затворите. Авторите на истражувањето направија преглед за ефективноста на интервенциите за намалувањето на ризичното однесување помеѓу затворениците. Ова истражување беше дел од пошироко истражување на интервенциите во затворите во врска со ХИВ, спореведено од СЗО и Канцеларијата за дроги и криминал на Обединетите нации и УНАИДС, со кои ќе ги подржи земјите во нивните напори да се создаде универзален пристап кон превенцијата, третман и заштита од ХИВ до 2010 година.

Авторите велат дека примарната цел на политиките за дроги во затворите е да овозможат заштита на здравјето на затворениците преку овозможување на сите средства за заштита од ширење на ХИВ и хепатит Ц. Како што се вели во еден извештај од Шкотска во врска со користењето на дрога во затворите „идејата за затвор во кој не се користи дрога не е повеќе реалистична од идејата за општество во кое не се користи дрога и „стабилноста можеби ќе се постигне доколку се отстапи од тој концепт“.  Најбитното нешто е тоа што со промоција и заштита на затворениците преку пристапноста до програми за размена на стерилен прибор за инјектирање и терапија одржување со суспситут, оди во прилог, не само на затворениците, туку и на вработените во затворите и заедниците надвор од него.



Jавносто здравство не смее повеќе да си дозволи да ги игнорира здравствените проблеми во затворите, е заклучокот на авторите на истражувањето.