САД: Неосновани апсења на геј мажи

САД: Неосновани апсења на геј мажи




Полицијата обвинета за неосновани апсења на геј мажи во продавници за порнографија

(Њујорк, САД) Се зголемува тензијата во врска со зголемувањето на бројот на апсењата на геј луѓе во продавници за порнографски филмови во Менхетн  под обвинение за проституција. Минатата недела градската советничка Кристин Квин се придружи во револтот кон овој случај. Таа изјави дека работи на договор на средба на преставниците на канцеларијата на градоначалникот и началниците на полицијата со преставници на геј заедницита и нивно влучување во истрагата на овој случај.





Полицијата е обвинета дека користи млади полицајци кои работат тајно и кои доброволно им нудат секс на средовечни мажи. Додека заедно ја напуштале продавницата, полицајците им нуделе пари за секс со што ги збунувале жртвите со фактот дека помлад маж им пристапува со таква понуда. Откога ќе ја напуштеле продавницата, жртвите, иако никогаш не се согласиле за земање на пари, бивале опколени, од полицајци во цивилна облека, на рацете им биле ставени лисици и приведени под сомневање за вршење проституција.

Геј активистите и преставниците од граѓанскиот сектор гледаат на овие апсења како тенденција на полицијата да ја криминализира геј сексуалната ориентација. Од  Проектот за геј и лезбејско ненасилство  која е дел од коалицијата за стопирање на овие апсења велат дека не се работи полициско местење, туку дека се работи за неосновани апсења.