Author: admin

Предмет: Реакција на прилогот ’Татко му на Рики Мартин: горд на геј синот’, емисија Backstage (http://backstage.com.mk/mk/articles/svetska-scena/tatko-mu-na-riki-martin-gord-na-gej-sinot)
До: Упредничкиот тим на емисијата Backstage и остантите медиуми во Р.М

Почитувани,
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најостро реагира и го осудува прилогот на Backstage, објавен и на нивната веб страна, а со наслов ’Татко му на Рики Мартин: Горд на геј синот’, потпишан од Снеже Велков. Имено, Коалицијата смета дека погоренаведениот текст претставува уште еден од серијата новинарски текстови и прилози кои учествуваат во креирањето и одржувањето на дискриминаторската и хомофобичната атмосфера, зацврстувањето на хетеронормативната матрица и популизмот, како и подривањето на плуралниот и демократски простор  во Република Македонија.

Под маската на забавен говор, кој има за цел да ја развесели и насмее македонската публика, сметаме дека прилогот е загрижувачки од неколку аспекти. Креирањето на хумористичниот и забавен тон на прилогот е овозможен со посредство на манипулацијата на најзакоравените стеротипи и патологизирачки репрезентации на хомосексуалците, како во традиционалните психијатриски, така и во популарните, односно народните дискурси.


Членовите на парламентот на Северна Австралија пред крајот на оваа година ќе гласаат за реформите со кои ќе се декриминализира сексуалната работа. Во реформите се содржани и закони со кои ќе се забрани малолетниците да се занимаваат со сексуалната работа и ќе се забрани оперирањето на борделите во радиус од 200 метри од училиштата, градинките и црквите.

Контроверзниот потег ќе им ја осигура позицијата на сексуалните работници да бидат третирани како легални работници со истите индустриски права и одговорности како и кои било други работници.

Стефани Кеј, преставник на работничката партија во северноавстралијанскиот парламент ќе го престави новиот закон по разговорите со сексуалните работници и другите заинтересирани агенти во следните шест недели. Кеј ќе ги потврди своите предлози за законот за време на протест на сексуалните работници за одбележување на Меѓународниот ден на курвите кој ќе се одржи пред зградата на парламентот.

Пет обиди досега за декриминализирање на сексуланата работа се случиле во период од 1980 до 2001 во Северна Австралија, но сите биле неуспешни.


Членовите на парламентот на Северна Австралија пред крајот на оваа година ќе гласаат за реформите со кои ќе се декриминализира сексуалната работа. Во реформите се содржани и закони со кои ќе се забрани малолетниците да се занимаваат со сексуалната работа и ќе се забрани оперирањето на борделите во радиус од 200 метри од училиштата, градинките и црквите.

Контроверзниот потег ќе им ја осигура позицијата на сексуалните работници да бидат третирани како легални работници со истите индустриски права и одговорности како и кои било други работници.

Стефани Кеј, преставник на работничката партија во северноавстралијанскиот парламент ќе го престави новиот закон по разговорите со сексуалните работници и другите заинтересирани агенти во следните шест недели. Кеј ќе ги потврди своите предлози за законот за време на протест на сексуалните работници за одбележување на Меѓународниот ден на курвите кој ќе се одржи пред зградата на парламентот.

Пет обиди досега за декриминализирање на сексуланата работа се случиле во период од 1980 до 2001 во Северна Австралија, но сите биле неуспешни.


Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници’, денес, 17-ти мај, вторник, на плоштад Македонија (до книжара Култура, пред споменикот на Александар Македонски во изградба), а по повод Интернационалниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата, одржа прес конференција. Прес конференцијата беше истовремено придружена со изложба на отворено, ’Слики против хомофобијата’, која е дел од заедничкиот проект на Charles Meacham и Sarah Baxter - ’Чекори со гордост’. Изложбата симултано се одржува во 20-тина светски градови, вклучително и нејзино поставување во Европскиот парламент.

Како и минатата година, и оваа година во чест на ИДПХ (IDAHO), и годинава Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ доделува благодарници за особен придонес кон еднаквоста на сексуалните малцинства.

   1. Благодарница за „геј-френдли“ пејач (без пружање рака) му доделуваме на Ламбе за изјавата: „Нема да дозволам да ми се пушти или да ми се приближи некој, ако се случи такво нешто, да ме допре некој, ќе остане без рака".

   2. Му доделуваме благодарница и на водителот Тони Михајловски – „Скенерот“, за неговата моќ на препознавање геј и стрејт филмови како и геј и стрејт балади на „Македонски идол“.

   3. Благодарница за апликација на современите квир политички стратегии и најангажирана фото-сторија со наслов „Ороспии со гордост“ му доделуваме на „Вечер“.

   4. Благодарница за најдобра колумна во која ја брани „каузата државата да ги партиципира операциите за промена на полот“ му доделуваме на Јанко Илковски, за колумната „Лепа Брена мења пол“.

Годинава, на МПЦ решивме да и доделиме неколку благодарници:

Прво, заради иницијативата на МПЦ уставно да се забранат хомосексуални бракови, со која демонстрираше дека е во противуставен брак со владејачката партија.

Второ, му доделуваме посебна благодарница и на г-дин Стефан не само за неговите заложби „да се згрижат хомосексуалците“ туку и за неговата православна теорија на еволуцијата, според која Господ не создал човек од „два машки мајмуни или два женски мајмуни“.

Трето, на сите свештеници и монаси од МПЦ им доделуваме благодарница за нивните секојдневни активности за промоција на традиционалното македонско многудетно семејство, не само со зборови, туку и со дела.

Уште еднаш, на сите споменати им благодариме. Без вашиот придонес, Македонија немаше да успее да го допре дното од листата европски земји во однос на почитувањето на еднаквоста кон ЛГБТ-луѓето. Ви благодариме, оти без вашиот придонес, немаше зад нас да бидат само Молдова, Белорусија и Украина.

Секоја година, на 17-ти мај, Интернационалниот ден против хомофобија и трансфобија ги потсетува граѓаните во целиот свет дека постои сеуште голема потреба за преземање акција. Во повеќе од 80 земји во светот истополовите сексуални акти сеуште се нелегални, а во одредени ситуации истите се казнуваат и со смртна казна и доживотен затвор. Во земјите во кои хомосексуалноста е нелегална дискриминацијата и физичкото насилство се сеуште чести и загрижувачки појави. Иако во некои земји во светот се забележува значителен прогрес, сепак истиот е постојано под закана.

Од почетокот на годинава во Македонија стапи во сила и новодонесениот Закон за спречување и заштита од дискриминација, закон кој ја исклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за забрана на дискриминација. И покрај овој легалистички акт, во Македонија сеуште е сериозно изразено отсуството на афирмативна и позитивна политичка атмосфера и свесност за почитување на сексуалните и човековите разлики, како и за борбата против насилството и дискриминацијата кои се случуваат врз основа на истите.

Истиот настан, со вечерна програма, со почеток во 19.30ч, во клубот ГЕМ, ќе биде збогатен со проекција на филмот ’Оттаде розевата завеса’, дискусија на тема ’Национализам, хомофобија и насилство’, настап на хорот Распеани скопјани, како и поставување на изложбата.

 


На 17-ти мај 2011 во клубот ГЕМ со почеток од 19.30 часот, Коалиција СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ Ве поканува на Настан по повод светскиот ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата:

· Настап на Скопскиот уличен хор: Распеани Скопјани
· Проекција на филмот Отаде розевата завеса и Дискусија на тема: Национализам, хомофобија, насилство
Воведничари: Катерина Колозова и Станимир Панајотов
Фасилитатор: Жарко Трајаноски

· Мини коктел

Крајот на комунизмот во Европа донесе обновена слобода за милиони граѓани од Источна Европа. Хомосексуалноста стана легализирана, но хомофобијата се` уште останува вкоренета како институционална практика во овој дел од светот. Други филмови го документираат овој проблем во регионот. Тие ја опишуваат Розевата завеса како замена на Железната завеса и покажуваат како Геј Прајдовите се претвораат во паради на насилството. Но, овие филмови ја игнорираат хомофобијата во Западните општества. Ваквите погрешни дистинкции ја прескокнуваат можноста од меѓусебно подучување на Западот и Истокот во насока на борбата за еднаквост. Ја забораваме моќта, но и одговорноста на ЕУ да не` заштити. Сексуалноста и хомофобијата ја надминуваат националноста. Оттука, границите не треба да дозволат хомофобијата да преовлада: Ние треба да гледаме Отаде Розовата завеса.

Катерина Колозова е професорка по филозофија, родови студии и епистемологија во Институтот за општествени науки и хуманистичкиистражувања „Евро-Балкан“ во Скопје како и на други универзитети во земјава и надвор. Авторка е на повеќе трудови од областа на филозофијата и родовите студии. Во моментов е деканка на одделот за последипломски студии на Институтот „Евро-Балкан“. Работи како
истражувач, а повремено пишува колумни во  дневни весници.

Станимир Панајотов е роден 1982 година во Сливен, Бугарија. Во 2004 година дипломира Филозофија на Универзитетот во Софија, Бугарија. Своето образование го продолжува во Македонија кадешто запишува последипломски студии по Филозофија и род на Институтот Евро Балкан. Од 2003 година публикува научни текстови и рецензии во својата земја, но и во странство.  Работи и како преведувач (од англиски, македонски и бугарски јазик) на книги и научни текстови од областа на хуманистичките и општествените науки,  родовите студии и квир теоријата. Тој е активист за правата на ЛГБТ популацијата во Бугарија и член на Организациониот комитет на Sofia Pride.

Жарко Трајаноски е магистер по човекови права. Неговата магистерсика теза е од областа на сексуалноста и човековите права. Долги години работи како активист за човекови права на маргинализираните заедници. Бил уредник на списанието Идентитети и предавач на школата за род и политика на Институтот Евро Балкан. Во моментов работи како консултант во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.