Прирачник за психолози и психотерапевти за поддршка во работата со трансродови и родово различни лица

ПРЕЗЕМИ ТУКА

Во соработка со Ана Блажева и Радмила Живановиќ (Психотерапика – здружение за психологија и психотерапија), Коалицијата МАРГИНИ Скопје и ТрансФормА, а со поддршка на ФООМ, подготвија “Прирачник за психолози и психотерапевти за поддршка во работата со трансродови и родово различни лица“.

Овој прирачник е наменет за психолози и психотерапевти, за да ги поддржи во нивната работа со трансродовите и родово различните лица. Претставува еден значаен и професионален обид да придонесеме кон сензибилизација на професионалната заедница на начин што истовремено ја уважува и нивната значајна работа и позиција, но го вклучува и уважува и специфичното искуство на трансродовите лица. Воедно е во согласност со современите текови и актуелните истражувања и пристапи и со професионалното искуство на авторките на прирачникот во работа со трансродово и родово различни лица. Тие пристапи се темелат врз современите знаења што ги креираат мултидисциплинарните мрежи на професионалци што работат со нив, каква што е Светската професионална асоцијација за трансродово здравје.

Прирачникот овозможува да се отворат голем број прашања кои често се наоѓаат на маргините и повикува на отворена дискусија, наместо исполнување на јавниот дискурс само со лични ставови, стравови и недоволна информираност за проблематиката.