Овој извештај е подготвен во согласност со Mетодологијата за четиримесечни извештаи и годишен извештај за повреда на човекови права на маргинализирани заедници, во рамки на заедничкиот проект Пристап до правда и човекови права поддржан од УСАИД. Во рамки на проектот носителот, Коалиција Маргини и партнерите, Хелсиншки комитет за човекови права, ХЕРА и Еквалис спороведуваат заеднички активности за обезбедување на интегрирани услуги на ЛГБТИ лица и жртви на родово засновано насилство.
Извештајот го опфаќа периодот од 01.05.2024 до 30.09.2024 година. Во овој извештај се вклучени податоци од три датабази – платформата за документирање случаи на повреда на права на Коалиција Маргини (https://goeasy.eu/margini/
Во периодот од 01.05.2024 до 30.09.2024 година, регистрирани се вкупно 615 пријави на говор на омраза на трите платформи, од кои, 328 се случени поради национална припадност, 173 се случени поради етничка припадност, 133 пријави за говор на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет, 73 поради политичка припадност, 18 пријави поради пол и род, и др.
Надвор од областа говор на омраза, најмногу прекршувања има во областа родово засновано насилство и семејно насилство (РЗН/СН) со 12 случаи, по кои следува здравството со 7 случаи. Насилството од омраза е изедначено со прекршување на права од страна на полицијата и полициските институции со по 3 случаи, и 2 случаи се регистрирани во областа работни односи. Регистрирани се и 9 случаи на дискриминација, 8 поврзани со ХИВ-позитивни лица дискриминирани од страна на здравствени институции поради нивниот ХИВ-статус, и 1 случај поврзан со непостапување од страна на полициски службеници поради тоа што жртвата е трансродово лице.
Овој извештај е подготвен од Коалиција МАРГИНИ Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права во Скопје, со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој USAID.