„ОПАСНОСТ ОД (НЕ)ПОСТОЕЊЕ“ Како институциите во Северна Македонија влијаат врз животите на ЛГБТИК+ заедницата?

ПРЕЗЕМИ

 

📝 Извештајот е резултат на опсежно истражување за институционалното насилство, за пристапот до права и за ставовите за ЛГБТИК+ заедницата во Северна Македонија (2021–2023).

Истражувањето е базирано на 44 полу-структурирани интервјуа со ЛГБТИК+ лица, 16 интервјуа со даватели на услуги, како и темелна правна и статистичка анализа.

📊 Што покажуваат податоците?

🔹 255 документирани случаи на институционално насилство (2021-2023)

🔹 93 случаи во здравството, 82 во образованието, 54 во полицијата

🔹 13 случаи во социјална заштита, 9 во обвинителство, 1 во судско постапување

🔹 3 случаи од Управата за матична евиденција

⚠️ Здравствени установи – одбивање на ЛГБТИК+ пациенти, непрофесионален третман и стигматизација.

⚠️ Образование – булинг, дискриминација, вознемирување од врсници и наставен кадар.

⚠️ Полиција – игнорирање на пријави за насилство, полициско малтретирање и непостапување.

⚠️ Социјална заштита – недостаток на поддршка, институционална стигматизација и дискриминација.

⚠️ Обвинителство – непостапување по случаи на насилство врз ЛГБТИК+ лица, правна неефикасност.

⚠️ Судство – правни пречки за ЛГБТИК+ заедницата, долготрaјни и неправедни судски постапки.

⚠️ Управа за матична евиденција – административни бариери за промена на лични податоци на трансродови лица.

💡Институциите наместо да штитат, често се самите сторители на насилство. Наместо безбедност и пристап до потребни услуги, кога се најранливи ЛГБТИК+ лицата доживуваат стигматизација и отфрлање.

📌 Авторки на публикацијата: Драгана Дрндаревска и Мања Величковска

📈 Авторка на SPSS анализата: Ангелина Станојоска

📌 Истражувачки асистенти: Лила Милиќ, Љубомир Фаизов и Ненад Мицов

🎨 Дизајн: Дарко Алексовски