Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден надзор врз ТВ Нова 12.09.2017

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден надзор врз ТВ Нова 12.09.2017

Според објавата на 11.09.2017г., Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност, извршила два вонредни програмски надзори, врз програмата на Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, во врска со почитување на начелата за вршење дејност од член 61 од ЗААВМУ.

Првиот надзор, се однесува на програмата емитувана на 10 август 2017 година, каде е констатирано дека со повеќе изнесени тврдења, во емисијата „Отворено студио“, со наслов испишан на телоп „За или против геј бракови“, ТВ Нова ги прекрши начелата за вршење радиодифузна дејност, во поглед на еднаквоста на правата и слободите на луѓето по сите основи и во поглед на начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните.

Овој надзор е исклучително важен за Коалицијата СЗПМЗ и оди во прилог со неодамнешната одлука на Комисијата при Советот за етика во медиумите која дојде како одговор од поднесената жалба од страна на Коалицијата токму во врска со гореспоменатата емисија на ТВ Нова, „Отворено студио“.

Извештајот е достапни на линкот во прилог:

Извештај од вонреден надзор врз програмскиот сервис на ТВ Нова – 10 август 2017 година

Извор