18 Apr Фестивал Ѕуница 2017
Од утре, 19 април, почнува фестивалот „Ѕуница“, кој има за цел да ја промовира ЛГБТИ културата. На програма се повеќе филмови со ЛГБТИ тематика, како и театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на Билјана Радиноска.
Влезот на сите настани е бесплатен, а фестивалската програма може да ја преземете тука.