Соопштение до медиуми по повод Недела на гордоста 2015

Соопштение до медиуми по повод Недела на гордоста 2015

Почитувани,

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија трета годнина по ред ја организира Неделата на гордоста.

Почнувајќи од 22.06 (понеделник) до 27.06 (сабота) Неделата на гордоста вклучува серија на настани, дебати, пртестни обраќања, предавања и проекции на филмови на повеќе локации.

Целта на Неделата на гордоста е да го покрене вниманието на општата  јавност кон континуираното прекршување на човековите права на ЛГБТИ заедницата, дискриминацијата, молкот од институциите, потребата од солидарност и поддршка. Поради тоа, повеќето од организациите членки на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија дадоа поддршка во движењето „Граѓаните за Македонија“, искажувајќи го својот револт кон моменталната власт.

Целото соопштение може да го преземете тука.