27 Oct Видео: Случајни минувачи разбиваат хомофобичен напад на аеродромот во Далас
На Јутјуб се појави видео во кое еден маж е совладан од страна на случајни минувачи откако тој ќе е обиде да направи хомофобичен напад врз друго лице.
Клипот кој беше објавен вчера е снимен на Далас – Форт Ворт аеродромот во Тексас, САД.
Во видеото, еден маж со бела мајца, кој се однесува нервозно и најверојатно е пијан, му упатува хомофобични навреди на друг патник.
Кога еден патник ќе му пријде за да го праша зошто е вознемирен, мажот одговара:
„Вознемирен сум поради педерите. Поради овој педер тука…“ и продолжува да го навредува другото лице.
Тој ќе се обиде да го клоцне и удри другото лице, но случајните минувачи интервенираат и веднаш го соборуваат на земја.
Подоцна интервенира и обезбедувањето кое му става лисици и го отстранува од аеродромот.
Видеото е снимено од страна на патникот Ендру Кенеду, чиј брат изјави:
„Видовме човек кој има проблеми. Се надевам дека е под влијание на некаква супстанција, зошто доколку не беше и ова е неговиот вистински карактер, тогаш ќе има многу проблеми во животот. Драго ми е што живееме во општество во кое правниот и социјалниот систем можат да му помогнат. Погледнете се во огледалото и ќе го најдете вашиот создавач“.
Од аеродромот Далс-Ворт Ворт потврдија дека се случил инцидент, но не дадоа подетални коментари.
Извор: Pink news