24 Jun Соопштение за јавноста на холандската амбасада по повод нападот на ЛГБТИ Центарот во Скопје
Амбасадата на Кралството Холандија денеска објави соопштение за јавноста во кое се осудува саботниот напад на ЛГБТИ Центарот во Скопје, проект кој добива финансиска и морална поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија.
Амбасадата ги властите да ги осудат насилничките дејства кои ја загрозуваат сигурноста и безбедноста на граѓаните.
Понатаму во соопштението се вели:
„Амбасадата исто така бара од надлежните да спроведат темелна истрага и сторителите да ги изведат пред лицето на правдата, како и да ги направат сите можни напори за да обезбедат заштита на имотот и личната безбедност на граѓаните, без разлика на нивниот социјален статус или убедувања“.