Сексуална ориентација

Сексуална ориентација

seksorientacijaСексуалната ориентација се однесува на способноста на една личност за длабока емоционална, лубовна и сексуална привлечност кон, како и за интимни и сексуални односи со индивидуи од различен пол, од ист пол или  од повеќе од еден пол.

  • Хетеросексуалноста се однесува на оние кои главно се привлекувани од лица од различен пол. Ваквите луге се нарекуваат стрејт.
  • Хомосексуалноста се однесува на оние луѓе чија сексуална привлечност е главно насочена кон лица од ист пол. Обично, мажите привлекувани од други мажи се нарекуваат геј, а жените привлекувани од други жени се нарекуваат лезбејки (иако истите можат да се определат/идентификуваат како геј).
  • Бисексуалноста се однесува на луѓе кои се привлекувани од двата пола. Таквите уште се викаат бисексуалци, или би.
  • Некои индивидуи избегнуваат одредници од типот на геј, стрејт или би и може самите себе да се одредат како луѓе што сакаат лица од ист пол или воопшто да не користат одредници.
  • Квир сега се употребува како сеопфатен термин за лица кои одат против сексуалните и родовите норми, и вклучува трансродови и транссексуални луѓе.
  • ЛГБТ (ИК) исто се користи за луѓе од оваа групa, и е скратено од  лезбијки-гејеви-бисексуалци-трансродови (интерсексуалци-квир /или/ неодредени).

Родов Идентитет
Родовиот идентитет се однесува на длабоко почувствувано, внатрешно чувство за родот, кое може но не мора да кореспондира со полот со кој личноста се здобива при раѓањето, тука спаѓа и личното чувство за телото (кое може да подразбира промена на физичкиот изглед или телесните функции со помош на медицински, хируршки и други средства, доколку таа промена е по слободен избор) како и други изразувања на родот како облеката, говорот и карактерните црти.

Општиот термин трансродови се однесува на луѓе чиј родов идентитет и/или изразувањето на родот се раликува од биолошкиот пол стекнат при раѓањето. Терминот може да вклучува и транссексуални и интерсексуални луѓе, трансвестити и луѓе со други родови различности/варијанти, но не се ограничува само на нив. Прашањата поврзани со интерсексуалните луѓе можат значително да се разликуваат, па според тоа,  доколку е важно, треба да се разгледуваат одделно.

Транссексуални (или транс) луѓе се индивидуи кои се идентификуваат со род различен од оној кој се поврзува со билошкиот пол стекант со раѓањето. Транссексуална личност може да биде маж во жена или жена во маж. Вклучитело, луѓето кои се подложени на хормонска терапија, а немаат намера да извршат хируршка интервенција, самите себеси се нарекуваат транссексуалци.

Транссексуални жени, кои биолошки се родени како мажи се нарекуваат маж во жена (MTF-male-to-female). Транссексуални мажи чиј биолошки пол стекнат со раѓањето  е женски, се нарекуваат жена во маж (FTM – female-to-male).
Трансродовите и транссесксуалните луѓе може да се идентификуваат со стрејт, геј, лезбиан, би, или друга сексуална ориентација. Со други зборови, родовиот идентитет и сексуалната ориентација не зависат едно од друго.

МСМ
(‘мажи кои имаат секс со мажи’ или ‘секс меѓу мажи’) е термин кој се користи во јавното здравство и се однесува на било кој маж кој има сексуални односи со друг маж без разлика дали тоа се случува повремено, редовно или како израз на геј идентитет. Терминот се смета за дескриптивен без да придава идентитет или значење на однесувањето и се употребува со цел здравствените интервенции – особено ХИВ/Сида образованието и услугите – да може да се нудат на лица врз основа на нивната потреба. УНАИДС и други креатори на политики го користат терминот за означување на една од четирите особено маргинализирани групи – останатите три се сексуални работници, интравенозни корисници на дроги и затвореници. Иако корисен и стратешки, овој термин може да  се употребува со цел да се избегне или побие правото на идентитет. Еквивалентниот термин ЖСЖ (жена со жена) не постои во јавни документи, но се користи во истражувања.