Во 2013 ќе се одржи првата парада на гордоста во Македонија

Во 2013 ќе се одржи првата парада на гордоста во Македонија

Одборот на организацијата ЛГБТ Јунајтед минатиот четврток одлучи да се формира одговорно тело за организирање на првата парада на гордоста во Македонија која се планира да се одржи следната година.

 

„Во ова работно тело ќе бидат повикани да се вклучат сите заинтересирани релевантни организации и институции кои работат на полето на човековите права, како што се различни амбасади, државни агенции, народниот правобранител и ЛГБТ организации од регионот и пошироко“- се вели во соопштението на организацијата.

 

Според извештајот на ИЛГА –Европа, Македонија овогодишниот 17-ти мај, Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата го дочека во групата на Ерменија, Азербејџан и Украина во однос на почитувањето на правата на ЛГБТ лицата.

 

„Македонија е на дното на европската листа за почитување на ЛГБТ-правата затоа што владејачкото мнозинство константно ги злоупотребува човековите права на ЛГБТ лицата намерно мобилизирајќи ги негативните стереотипи, предрасудите и дискриминаторските ставови на граѓаните“ – вели Жарко Трајаноски, консултант за човекови права на Коалицијата во својата неодамешна колумна.