Големо Дрег Шоу на Skopje Pride Weekend 2019

Големо Дрег Шоу на Skopje Pride Weekend 2019

15 јуни (сабота)
22:00 ч.
Ноќен клуб „Станица 26“

 

Дрег шоу (Берлин-Скопје-Белград):
Pansy, Luna TikTok, Alexander Cameltoe (Берлин);
Tōkyō de Ville, Naöki Onna, Kaja Mor, Vera Vendetta, Divon Jane (Скопје);
Karma Geddonia, Golden Orb, Dita von Bill, Lana Vee (Белград),
и Диџеј-сет на Ивана Драгшиќ

 

ПЕНСИ е уметничкиот и интернет-лик на Паркер Тилгман, уметник со адреса на живеење и работа во Берлин. Иако има дипломирано на Колеџот за уметности во Калифорнија, верува дека подобро функционира во финансиски достапни ноќни клубови, фестивали, јавни институции за уметност и отворени образовни средини, наместо во комерцијални галерии. Дрегот го перципира како алатка на општествената правда и се фокусира на промоција на телата и гласовите на другите женски, транс и не-бинарно идентификувани уметници. Комедијата ја комбинира со кампот со цел обработка на теми поврзани со ХИВ, белечката доминација, мизогинијата, менталното здравје и сексуалното насилство. Верува дека создавањето на радоста е од суштинско значење за да се преживее во овој свет.

ПЕНСИ настапува насекаде низ Европа, Австралија, Америка, Јужна Кореја и Јапонија. Во последните пет години го води меѓународно познатато дрег шоу House of Presents, вторник навечер во барот „Monster Ronson’s“ во Берлин. Исто така, организира дискусии на тема сексуално здравје и одговорно користење дрога во соработка со Praxis Cordes и Berliner Aids-hilfe во Германија, Австрија и Швајцарија. Од 2015 до 2017 година е основач и директор на музичкиот фестивал YO! SISSY, дводневен фестивал во Берлин на кој имаат можност да учествуваат локални и познати квир уметници. Има одржувано работилници и перформанси на фестивалот „Руртриенале“ во Бохум, театарот „Кампнагел“ во Хамбург и „Фолксбине“ во Берлин. За делата на ПЕНСИ имаат пишувано весниците „Гардијан“, „Шпигел“, „Тагесшпигел“, „Берлинер цајтунг“, списанието „СПЕХ“ и други. Верува дека соработката е клуч за иднината на одржливата уметничка практика. Мораме да се соединиме… и притоа да се изжуркаме.

Професионален шегобиец и шармер: Луна ТикТок (Luna TikTok) е наградуван дрег изведувач, со настапи во бурлески. По премиерата на сцената во Њујорк во 2013 година, The Tickin’ Time Bombshell се стекна со меѓународна слава, ја воодушеви и ја заведе публиката ширум светот. Со извонредна мешавина од поганост, суровост и дива сензуалност, Луна плени од повеќе аспекти и не ве остава сè додека не се вратите повторно!

Александар Камелтоу (Alexander Cameltoe) е најпознатиот нов агент на интергалактичката гентрификација! Роден во кралско семејство во соседната небула наречена Канилингус Максима, Александар абдицира и се одрекува од правото на тронот во замена за авантура и смели, вистински искуства овде на Земјата, со цел да се пронајде себеси. Неодамна стекнатиот костим од човечко месо совршено им прилега, па затоа ќе останат подолго време на планетава. Се шират гласишта дека Александар е лезбејка, но вечерва пред сите вас прекрасни луѓе Александар јавно ќе сподели дека е Риби! Дел од хобијата на Александар вклучуваат подготовка на чипс од кељ, одгледување на паразитски габи како миленичиња, винтиџ облека и уништување на патријархатот.

Haus of Fauché е првиот дрег колектив во Скопје, чија цел е забава и едукација низ уметноста. Иако сите членови на Haus of Fauché доаѓаат од различни средини и имаат многу различни стилови на дрег, нивната главна цел е да го прикажат под рефлектор сето она што општеството го смета како недостојно и непристојно. Покрај токсичната структура и традиционална позиција на моќ во општеството, успеваат да творат и да развијат револуционерна субкултура.

Haus of KayGie е дрег колектив од Србија кој ја поддржува дрег уметноста, модниот стил на Club Kid групата и квир културата.  Колективот се состои од пет кралици, секоја од нив со уникатен стил и вештини: Karma Geddonia,Golden Orb, Dita von Bill, Mrs. Lilly Café и Lana Vee. Колективот организира локални дрег шоуа и квир настани со цел згрижување и одржување на сировата квир култура во живот и раскош.

По доселувањето во Аеродром, Ивана Драгшиќ своето образование го почна во МНТ и „Метропол“, а дипломираше во „Елемент“, а се има стекнато со сертификати и дипломи на неколку легендарни катедри во Њујорк и Берлин. По летните школи на скопските улици, на специјализација влезе во „Канал 103“, каде што и денес, по 12 години, работи на последниот проект „ДISKORДIA – можен саундтрак за падот на патријархатот“ заедно со Стефан Богески. Со поддршка од неколку исклучителни имиња од постарата бела машка генерација диџеи, а во консултација со помладите нестрејт и нецис генерации пријатели, таа ненаметливо го наоѓа своето место низ скопските и другите подиуми.

Нејзините сетови се на работ на мејнстримот и маргиналното, со освежени хаус класики и најнови хаус електро продукции, како и пост-(т)рап екскурзии. Ивана е носителка на титулата мис-интерпретација.