Пролетна средба со Светска банка во врска со сексуалната ориентација и родовиот идентитет

Пролетна средба со Светска банка во врска со сексуалната ориентација и родовиот идентитет

Од 9-14 април 2019 година претставник на ЕРА – организација за еднакви ЛГБТИ права за Западен Балкан и Турција и организацијата членка Коалиција МАРГИНИ од Северна Македонија присуствуваа на пролетна средба со Светската банка во Вашингтон.

Делегатите, Амарилдо Фечањи (ЕРА) и Ирена Цветковиќ (Коалиција Маргини) им се приклучија на колегите од граѓанско општество од BIC EuropeNGLCCHuman Rights WatchGender ActionHuman Rights CampaignDignity Initiative Canada и активисти од Танзанија на серија состаноци со многу претставници на Банката.

Покрај тоа, тие учествуваа како говорници на панел дискусија за истакнување на главните пораки на граѓанското општество и потребата темата за сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) да биде понатамошно интегрирана во работата на институцијата.

На сите овие состаноци, делегацијата на граѓанското општество ги истакна следниве главни точки:

– Тие го поздравија влегувањето во сила на новата еколошка и социјална рамка (ЕСФ)
– Тие побараа објавување на Нотата за добра пракса за СОРИ и стапување на сила без понатамошни одложувања. Граѓанското општество, исто така, побара на претходните состаноци да постои можност за обезбедување информации за оваа белешка, но нацртот не е доставен за коментари;
– Важноста на продолжување со аналитичка работа во Латинска Америка, како и во други региони во светот (вклучувајќи го и Западниот Балкан);

Делегатите од Западен Балкан, Амарилдо Фечањи и Ирена Цветковиќ, ја поздравија добрата практика во регионот и соработката со граѓанското општество, особено во спроведувањето на важни истражувања, како и континуираниот дијалог со креирачите на политики и носители на одлуки во регионот .

Од 2017 година ЕРА соработува со Одделот за СОРИ на Светската банка и соработува со нив на она што се уште се сметаат за најголеми студии во нашиот регион: 1) Анкета за социо-економските димензии на исклучувањето на ЛГБТИ во Југоисточна Европа и 2) Анкетата за приходите и условите за живот на ЛГБТИ луѓето во Србија. Покрај тоа, во Србија беа спроведени два теренски експерименти, кои го испитуваа пристапот до домување (за лезбејски и геј двојки) и образование (за перцепираните “женствени” момчиња). Сите овие податоци, на ЛГБТИ движењето му дадоа (како и на другите засегнати страни) одлични влезни точки за да го докаже она што го тврдеше многу години: дека дискриминацијата и предрасудите доведуваат и до економско исклучување и сиромаштија. Натаму, во текот на 2018 и 2019 година, тие се приклучија на Одделот за СОРИ на Светска Банка во нивниот дијалог и напорите за градење партнерства со носителите на одлуки и креаторите на политики во шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија) ..

На состаноците, ЕРА силно ги препорача овие веќе добри практики во регионот на Западен Балкан да продолжат, како и да се интегрираат на глобално ниво во сите други контексти каде што владите имаат правна рамка или политичка волја да работат на прашањата на СОРИ, но немаат бази на докази, технички ресурси и капацитети за тоа. ЕРА цврсто верува дека Светската банка е во одлична позиција да ја обезбеди оваа многу потребна поткрепа за правата на ЛГБТИ да се развиваат на глобално ниво, особено кога хомофобијата и трансфобијата и анти-ЛГБТИ наративите продолжуваат да влијаат на животот на милиони ЛГБТИ луѓе низ целиот свет.

Препораките на ЕРА и Коалицијата во оваа смисла беа следниве:

  1. Понатамошно подобрување на базата на докази преку истражување и анализа на економските аспекти на дискриминацијата и ставање на цена на хомофобијата и трансфобијата. Истражувањето е од клучно значење и сè уште е многу потребно во повеќето делови од светот. Земјите (кои припаѓаат на таканаречената “подвижна средина”) се многу заинтересирани за производство на докази, бидејќи тоа е начинот на кој најдобро можат да се залагаат за политички и законски промени. Ова истражување ги отвора вратите за дијалог со засегнатите страни, особено оние кои обично се затворени за ЛГБТИ заедниците.
  2. Продолжување на градење односи со засегнатите страни. Во земјите и регионите каде постојат такви можности (на пример, Западен Балкан и многу земји од Источна Европа) ова е од клучно значење за иницирање проекти, размена на идеи и зајакнување на лидерите на ЛГБТИ каузата во владите и другите државни институции;
  3. Придонесување за унапредување на еднаквоста заснована на СОРИ во регионот на Западен Балкан преку придонесување кон подобрени политики и практики кои се одржливи и се спротивставуваат на честите заостанувања и промени во политичкото раководство: придонесување во рамките на интеграцијата во ЕУ (поглавја 23 и 24)
  4. Зголемување на ресурсите и поддршката за тимот на СОРИ на Светската банка кој направи неизмерна работа во Западен Балкан и други региони и има потреба од понатамошна поддршка за систематски да ја продолжи нивната работа.

По овие состаноци, ЕРА ќе продолжи да соработува со тимот на СОРИ на Светската банка за нивната работа во регионот на Западен Балкан. Наскоро ќе биде организиран вебинар за нејзините организации-членки во соработка со BIC Europe, кој ќе им даде повеќе информации на локалните организации за тоа како да се вклучат со оваа институција, особено во поглед на процесите како што се Систематска дијагноза на земјата, Рамки за партнерство на земјата и секако Еколошка и социјална рамка.

Извор