Информација за медиуми

Информација за медиуми

На 11.02.2009 ХЕРА, во соработка со Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи, Акција Здруженска, СОЖМ, ЕСЕ и Ленка, ја организираше конференцијата „Абортусот е право на избор и репродуктивно право на секоја жена“.

Целта на Конференцијата беше сите граѓанските здруженија чии вредности се темелат на основните човекови права да дадат видлива поддршка за одбрана на правото на жената слободно да одлучува за својот живот, здравје и физички интегритет.

На конференцијата беше потпишана Декларацијата „Абортусот е право на избор и репродуктивно право на секоја жена“ од страна на 41 здружениe на граѓани. Потпишаната Декларација ќе биде испратена до Владата и Собранието на Република Македонија, сите ресорни Министерства и одговорни Собраниски Комисии,  интернационалните организации и пошироката јавност.
Потпишаната Декларација стои во прилог на ова писмо. 

Срдечно
Бојан Јованоски, извршен директор