МАЊА ВЕЛИЧКОВСКА

  • Мања Величковска (р. 1995) дипломирала филологија на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, а магистрирала во областа на естетиката, на Катедрата за филозофија при истиот универзитет.  Величковска е интердисциплинарна истражувачка, со интерес за современата уметност, социјална и политичка теорија.
  • Работи во Коалиција Маргини од 2019 година, и моментално работи како проектна координаторка и истражувачка, со фокус на правата на ЛГБТИК луѓето, институционалното насилство и родова еднаквост. Членка е на Комитетот за доделување грантови за Мрежата на Глобалниот фонд за жени на Балканот. Нејзината експертиза се протега на квалитативно истражување и пишување, донесување одлуки за грантови, и застапување насочено кон подобрување на сексуалните и здравствените права, правната и социјалната положба на маргинализираните заедници. 
  • Дел е од организациониот тим на Фестивалот за квир култура, уметност и теорија – Викенд на гордоста Скопје, и активна e во работата на регионалната група „Бунтовни читатели“ која го организира регионалниот литературен избор „Штефица Цвек“. Индивидуална членка е на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена. 
  • Авторка е и коавторка на бројни публикации, написи, рецензии и интервјуа, а нејзините неодамнешни публикации се достапни на: https://linktr.ee/manjavelichkovska 
  • Нејзина целосна кратка биографија е достапна на: https://tr.ee/G0s6aVPhvq