Речник на термини поврзани со сексуална работа и ЛГБТ

Преземи

Јазикот дава постоење, но и одзема. Јазикот вреднува, но и девалвира. Глорифицира, но и навредува. Голем број на човечки животи се виртуелни и непризнаени како резултат на нивното отсуство во јазикот. Немањето име е еднакво на немање социјална, културна и правна егзистенција. Реозначувајќи ги зборовите, давајќи им нова смисла и употреба, Речникот стреми кон изменување и на стереотипната и доминантна визура низ која се перцепираат веќе маргинализираните групи на сексуални работници/чки и ЛГБТ луѓето.