Со задоволство ви го претставуваме најновиот “Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите” од авторките д-р Марина Тунева и Ана Аврамоска Нушкова. Овој прирачник е редок тип на материјал кај нас но и пошироко и веруваме дека ќе наиде на широка примена од медиумските професионалци но и дека ќе им послужи на сите оние кои работат во областа на родово базираното насилство, односите со медиумите за овие теми како и комуникациите.
Целта на овој Прирачник е, пред сè, да им помогне на медиумите во нивните заложби за професионално известување на родово сензитивен начин, а со тоа и во обрнувањето внимание на проблемот со родово заснованото насилство. Освен тоа, запознавајќи ги медиумите со соодветната терминологија, како и надлежните институции кои се задолжени да постапуваат, Прирачникот ќе им овозможи да стекнат сеопфатни познавања за случаите за коишто ќе известуваат.
Прирачникот е изработен на македонски и албански јазик.