Извештај за повреди на човекови права од документирани случаи во Коалиција МАРГИНИ за периодот 1.12.2021 – 28.2.2022

ПРЕЗЕМИ ТУКА

Пишува Мања Величковска, помлада истражувачка, Коалиција МАРГИНИ

Во периодот од 1 декември 2021 година до 28 февруари 2022 година во Коалиција Маргини се документирани 11 случаи на прекршување на права, каде има 11 жртви, од различни заедници. Случаите се документирани од стана на правници, овозможувачи на други услуги, активисти од граѓански организации со кои Коалиција МАРГИНИ соработува и самите жртви. Во 2 документирани случаи што се одвиваат на социјалните мрежи, станува збор за говор на омраза упатен кон 2 трансродови лица што визуелно се појавуваат во видео-записите или фото-материјалите вклучени во објавите на мрежите, но и кон целокупната трансродова заедница (односно кон неопределен број на лица).

Во овој четврт квартал на известување има намалување на бројката на документирани случаи, непознато дали поради недоволна мотивираност за извршување на оваа активност од страна на досегашните документирачи на случаите со кои соработуваме или недоволна промоција на активноста, што укажува на потребата од поголема мотивација на жртвите, правниците и параправниците, коишто досега редовно придонесуваа во процесот на документирање. Овој известувачки период повторно бележи поголема бројка на случаи на родово-засновано и семејно насилство (дури 5 од 11 случаи), што во споредба со минатите извештаи, каде овој вид на повреди исто така беа драстично побројни од останатите, е нешто што дури и на мал примерок останува видливо. Понатаму, има 2 случаи со повреда на правото на пристап до добра и услуги, 2 случаи на говор на омраза, 1 случај на повреда на детските права и 1 случај на повреда на права во полициското постапување.