ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ (SDGs) претставуваат глобален повик за акција за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина и развој на нашата планета и да се овозможи сите луѓе да уживаат еднакво во мир, правда и просперитет. Целите за одржлив развој претставуваат продолжување на постигнувањата на Милениумските развојни цели на Обединетите нации и одат чекор понатаму со утврдување нови приоритети и цели (климатски промени, одржлива потрошувачка, мир, правда) во борбата против сите форми на сиромаштијата.
Документот на Обединетите нации ЦЕЛИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, во којшто се содржани вкупно 17 цели, е усвоен на јубилејното, 70-то Генерално собрание на ОН во 2015 година, од страна на сите 193 земји членки, меѓу кои и Македонија.
ШЕСНАЕСЕТТАТА РАЗВОЈНА ЦЕЛ, ПРОМОВИРАЊЕ МИРНИ И ИНКЛУЗИВНИ ОПШТЕСТВА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАВДА ЗА СИТЕ И ГРАДЕЊЕ ЕФЕКТИВНИ, ОТЧЕТНИ И ИНКЛУЗИВНИ ИНСТИТУЦИИ НА СИТЕ НИВОА, содржи повеќе потесни цели.
Превземете ја брошурата во целост на [македонски јазик] и на [албански јазик].