Анализа на законската рамка во областа на образованието од аспект на спречување и заштита од дискриминација и насилство, со фокус на родово заснованото насилство и дискриминацијата заснована врз род, сексуална ориентација и родов идентитет

ПРЕВЗЕМИ

? Анализа на законската рамка во областа на образованието од аспект на спречување и заштита од дискриминација и насилство, со фокус на родово заснованото насилство и дискриминацијата заснована врз род, сексуална ориентација и родов идентитет
✏️ Авторка на Анализата е м-р Драгана Дрндаревска и истата е издадена во рамки на проектот „Обезбедување родова еднаквост преку образованието“ поддржан од Фондацијата Kvinna Till Kvinna.
? Предмет на оваа анализа е законската рамка во областа на образованието и нејзината соодветност во однос на спречувањето и заштитата од насилство и дискриминација во образованието. Предметот на анализата е насочен кон родово заснованото насилство, дискриминацијата врз основа на род, сексуална ориентација и родов идентитет и родовата еднаквост, иако предвид се земаат и другите форми на насилство и дискриминацијата кон останатите општествени групи.
? Целта на анализата е да ги мапира меѓународните стандарди во областа на образованието од аспект на еднаквост и спречување и заштита од насилство, да процени во која мера македонското законодавство одговара на меѓународните стандарди, како и на реалните потреби за превенција и заштита од насилство и дискриминација во образованието, и да препорача унапредување на законската рамка преку измени и дополнувања.
? Анализата има за цел да им помогне на донесувачите на одлуки, како и на здруженијата кои се застапуваат за унапредување на состојбите со еднаквост и недискриминација во образованието, да ги унапредат политиките во областа, да ги исполнат меѓународните обврски и да придонесат кон градење на образовен систем во кој еднаквоста и безбедноста на сите се гарантираат и остваруваат.