28 Mar Србија: Лидерот на крајната десница осуден поради хомофобични смртни закани
Српскиот лидер на крајната десница, поради чии смртни закани кон хомосексуалците пред три години беше откажана геј прајд парадата во Белград, е осуден на 10 месеци затвор.
Белградскиот окружен суд донесе одлука според која се смета дека лидерот на екстремистичката група Образ, Младен Обрадовиќ, поттикнал дискриминација врз геј луѓето со графитите „Смрт за гејовите“ и „Крв ќе тече, нема да има геј прајд“.
Меѓутоа, според Лазар Павловиќ, лидер на српска група која се залага за правата на геј луѓето, казната не била доволно строга и дека би требала да биде продолжена во времетраење од 3 години затвор. „Очекуваме обвинителот да поднесе жалба и ќе продолжиме да го следиме овој случај“ – вели тој.
Асошиејтет прес извести дека Обрадовиќ веќе бил осуден на две години затвор во друг случај за поттикнување насилство за време на геј прајдот во 2010-та, во кој десетици луѓе беа повредени. Но, бидејќи поднел жалба на пресудата, тој останува на слобода.
Србија се стреми да биде членка на Европската Унија и според условите за членство се обврза да ги заштити геј правата. Меѓутоа, заканите на крајните десничари се на големо присутни во оваа Балканска држава.
Додека српскиот уставен суд одлучува дали да ја забрни организацијата Образ, Обрадовиќ заминувајќи од судницата изјави дека групата ќе продолжи да оперира нелегално доколку биде забранета.