Мис Универзум Канада одби трансродова натпреварувачка

Мис Универзум Канада одби трансродова натпреварувачка

Изборот на убавици кој е во сопственост на Доналд Трамп не дозволи на натпреварувачка да учествува поради тоа што била родена како машко.

 

Јена Талачкова, која има 23 години, била избркана од натпреварот откако се дознала информацијата дека направила операција за промена на полот, иако успешно стигнала до финалето на изборот на убавица Мис Ванкувер. Таа започнала со хормонална терапија кога имала 14 години, а подлегнала на хирушка операција пет години подоцна.

 

Денис Давила, националиот директор на изборот, изјави за Торното Стар дека правилата на натпреварот била мошне јасни дека натпреварувачките мораат да бидат „природно родени како жени“. Тој се посомневал дека госпоѓицата Талачкова не била родена како жена, а таа подоцна тоа и самата го потврдила.

 

„Таа се чувстува како вистинска девојка и таа е вистинска девојка. Таа не очекувала дека другите луѓе ќе го преиспитаат тој факт“ – изјави г-динот Давила – „Таа се надеваше дека ќе ја вратиме во натпреварот, но правилата се јасни и нема начин на кој можеме да го смениме тоа“

 

„Дисквалификувана сум, но нема да се предадам“ – објави Талачкова на својот Твитер акаунт. „Нема да им дозволам да ме дисквалификуваат поради дискриминација“ – додаде таа.