Сексуалните работници од Наироби излегоа на улиците да ги бараат своите права

Сексуалните работници од Наироби излегоа на улиците да ги бараат своите права

Кениските сексуални работници сред ден маршираа низ центарот на Наироби минатиот четврток барајќи почит за нивната работа и подобар третман од страна на владата. Активистите во групата велат дека ова е прашање на човекови права, но некои од постеителите не беа убедени во тоа.

 

Носејќи црни и портокалови маски за да си ги прекријат лицата, група од 40 мажи и жени го стопираа густиот сообраќај преку работен ден за да привлечат внимание врз сексуалната работа која отсекогаш била присутна во Кенискиот главен град.

 

По овој протест во изминативе пет дена следеа слични демонстрации и во други земји, вклучувајќи ги Јужна Африка и Намибија, како дел од меѓународното движење на сексуални работници.

 

„Денешниот ден преставува ден на правата на сексуалните работници. Ние бараме декриминализација на сексуалната работа поради многуте злоупотреби од страна на полицијата, стигмата, пристапот до здравството, пристапот до правни сервиси… “ -вели Доти, дваесетиосум годишна поранешна сексуална работничка која во моментов е активист на организацијата за социјална правда Фахаму.

 

Таа вели дека овој протест преставува протест за основните човекови права.

 

„Во Кенија и во други делови на Африка – особено во Источна Африка – сексуалните работници не се признаени како човечки суштества. Тие биваат дискриминирани, малтретирани и немаат пристап до правните сервиси во случај да бидат нападнати или силувани“ – вели таа.