Манчестер му порачува на Санкт Петерсбург да не го усвои анти-геј законот

Манчестер му порачува на Санкт Петерсбург да не го усвои анти-геј законот

Манчестерскиот градоначалник, кој во моментов се наоѓа во Санкт Петерсбург, ќе се сретне со гувернерот на градот за да му порача да не го потпишува анти-геј предлог-законот кој моментално се наоѓа во процедура.

 

Манчестерската делегација се наоѓа во Русија за да ја одбележи педесетгодишнината од збратимувањето на двата града.

 

Но, посетата на манчестерската делегација се погоди во ист момент со усвојувањето на законот со кој ќе се казнува промоцијата на геј, би или транс индентитети помеѓу малолетници и со кој постои закана да се замолчи глобалниот глас на руската геј и транс заедница.

 

Британските официјални лица ќе се сретнат со ЛГБТ групите во градот и гувернерот на Санкт Петерсбург, Полтавченко, на кого ќе му порачаат да не го потпишува предлог законот.

 

Манчестерската советничка Сју Марфи, рече дека преставува чест да се биде збратимен со Санкт Петерсбург и дека пријателството го издржало тестот на времето.

 

Таа изјави: – „Кога сте пријатели толку долго време – без разлика дали се работи за личност или град – тоа ви дава право да му укажете на пријателот дека прави нешто погрешно. Овој закон е едноставно погрешен. Тој е лошо за ЛГБТ луѓето кои живеат во градот, и е лошо за репутацијата на Санкт Петерсбург низ целиот свет. Оваа посета ни ја дава шансата да го кажеме нашето мислење на највисоко ниво во Санкт Петерсбур, пред тоа да стане предоцна. Ќе му порачаме на гувернерот да стави вето на овој лошо напишан закон“.